Најшироката товарна платформа во својата класа
Амарок нема само богато опремена внатрешност: товарната платформа од 2.52 m2 ви обезбедува многу простор за товар. Ширината од 1222 mm меѓу куќиштата на тркалата прави возможно да се стави палета - па затоа Amarok ги поставува стандардите во оваа класа на возила. Вашиот товар е безбеден, дури и ако треба да се вози преку нерамни или теренски услови. Товарот може да биде обезбеден со врзување со ремени прицврстени со четири алки за товар, така што ќе можете да бидете сигурни дека се останува на место. Робустна пластична облога на товарната платформа достапна е како опција.
Висина на прагот за утовар и висина на страните
Amarok помага при утоварот и растоварот – со многу ниска висина на прагот за утовар од 779 mm. Висината на страните од 508 mm е невообичаено висока што го олеснува транспортот на товарот. Задната врата може да се користи како дополнително проширување за товарниот простор или за полесен пристап до товарната платформа.
Максимална носивост над 1 тон
Максималниот товар кој Amarok може да го носи изнесува 1137 kg. Ова е овозможено со употреба на појачани лиснати пружини кои можат да се комбинират со погон на задните тркала или со селективен 4MOTION погон на сите тркала. Комфорните лиснати пружини се достапни, како алтернатива на појачаната верзија, за максимална носивост од 938 kg. Комфорните лиснати пружини може да се комбинираат со сите три вида на возење – погон на задните тркала, селективен и перманентен 4MOTION погон на сите тркала.

Доколку ви е потребна поголема носивост, можете да одберете опционална кука за влечење. Во тој случај Amarok може да влече приколка со тежина до 2.8 тони. Дури и со максимална тежина на приколката, планините со 12% нагорнини не претставуват проблем за Amarok. Кога превезува 1 тон носивост, пикапот може да совлада 100% нагорнина (45° степени).
Функционален до последен детал.
Осветлувањето на товарната платформата е во стандардна опрема кај Amarok. Товарната платформа се осветлува, така што товарот може да биде утоварен или истоварен дури и во темница. Задните седишта на Amarok се делливи и може да се преклопат нагоре. Ова овозможува дополнителен простор во задниот дел на Amarok кога е потребно - на пример доколку се превезува товар, кој мора да биде заштитен од дожд.