Совладајте го патот. Amarok прави тоа да биде возможно.
Најдобриот начин да доживеете подобрена удобност при возење е да се вози Amarok на нерамен терен. Тоа е местото каде што го покажува неговиот темперамент: state-of-the-art технологија на менувачот, супериорните off-road карактеристики и оптималната влечна способност. Од друга страна пак, Amarok нуди меко и комфорно возење на асфалтирани патишта. Значи без разлика дали ќе се соочите со вода, снег, кал или екстремна нагорнина, Amarok ќе ве однесе вас, вашите материјали и тешката машинерија секаде каде што треба да се оди брзо и безбедно.
Три концепти на возење, два типа пружини – но едно е сигурно: Amarok ги нуди најдобрите off-road карактеристики.
Каде и да е вашата дестинација, Amarok ќе ве однесе таму. На располагање ви се три концепти за возење и два концепти на пружини.
- Погон на задните тркала: за време на забрзувањето, тежината на возилото се пренесува наназад и задните тркала имаат оптимален контакт со патот. Покрај тоа, погонот на задните тркала не влијае на вртежениот момент на управувачот и возилото има помал радиус на вртење.
- Селективен 4MOTION: 4MOTION погонот обезбедува сигурно влечење на различни површини. Тоа дистрибуира 50% од силата на моторот на секоја од оските за подобрување на движењето напред - особено при лоши временски услови. На тешки терени и стрмни нагорнини, може да се вклучи редукторот. Електронската стабилизирачка програма останува активна и кога е вклучен погонот на сите тркала.
- Перманентен 4MOTION: овој вид 4MOTION со Torsen диференцијал овозможува оптимално користење на динамичките предности на погонот на сите тркала и е погоден за on-road и за off-road возење.
Која комбинација ви треба?
Вашите барања се најважни: Amarok го нуди токму она што ви треба - различните комбинации на видови на погон и потпирање се погодни за различни намени.
|
|
Комфорни лиснати пружини |
Појачани лиснати пружини |
Погон на задните тркала |
За користење на: Патишта и автопатитовар: 768 – 938 kg |
За користење на: Патишта и автопатитовар: 966 – 1.137 kg |
Селективен 4MOTION погон на сите тркала, со редуктор |
За користење на: Патишта и автопати (погон на задните тркала), off-road и екстремни терени (4MOTION)товар: 663 – 862 kg |
За користење на: Патишта и автопати (погон на задни тркала), off-road и екстремни терени (4MOTION)товар: 862 – 1.047 kg |
Перманентен 4MOTION погон на сите тркала |
За користење на: Патишта, автопати, off-roadтовар: 663 – 862 kg |
Не е достапен |
Има многу работи да се откријат - во и надвор од патот.
Погонот 4MOTION на сите тркала го прави Amarok совршено теренско возило, било да се работи за стрмни нагорнини, површини со странична навалување или вдлабнатини, или кога преминува водени препреки длабоки до 500mm. Тешкиот терен е лесен за Amarok - поради бројните безбедносни и помошни системи. ABS и новата генерација на ESP со помош при нагорнина и помош при надолнина помагаат да се справите со критичните ситуации при возењето. При сопирање во екстремни off-road услови, ABS создава мали препреки - на песок или чакал, на пример – пред гумите. Ова го скратува растојанието на сопирање без намалување на маневарската способност.
Способност за искачување
Amarok може да се искачи на било која планина и во исто време да го носи вашиот товар. Дури и со приколка тешка 2.8 тони, Амарок може да надмине нагорнини од 12%, а со оптоварување од 1 тон, може да совлада нагорници од 100% (45° степени).
Агол на пристап и заминување и длабочина за премин преку вода
Amarok може храбро да совлада нерамнини и длабоки бари. Има импресивен пристапен агол од 28°, и агол на заминување од 23.6° (28° без браник), и длабочина за премин преку вода 500 mm.
Агол на странично навалување
Amarok има афинитет за екстремни доживувања. Amarok може да се справи со патишта со странично навалување приближно до 50° степени.
Агол на рампа
Amarok ве носи безбедно перку големи дрва и камења – и преку значително поголеми препреки. Со агол на рампа од 23° дури и стеблата или карпите не претставуват проблем.


