Опрема за удобност.
Прилагодување на висината и длабочината на воланот.
Воланот може да се подеси по длабочина (+20 mm/-20 мм) и висина (30 мм mm/-20) и на тој начин секогаш може да се постави во идеална позиција за возачот. Стандардниот сервоуправувач го зголемува маневарската способност при паркирање и безбедноста при возење.
Достапно за : КК | КМК
Мултифункционален волан.
Кожниот 3-крак мултифункционален волан може да се подеси по висина и длабочина. Интегрираните прекинувачи му овозможуваат на возачот да управува со радиото, навигациониот систем и мобилниот телефон.
Достапно за : КК | КМК
Мултифункционален дисплеј.
Борд компјутерот ги покажува моменталните информации како што се преостанатиот пат, надворешната температура, просечната потрошувачка на гориво, како и препорачаниот степен на пренос за поекономичен возење.
Достапно за : КК | КМК
Мултифункционален дисплеј “Plus”.
Дисплејот може да се користи за регулирање дополнителното греење кое е достапно како опција. Во комбинација со опционален навигационен систем, на екранот се прикажуваат стрелките за насока на движење за помош при навигација.
Достапно за : КК | КМК
Полуавтоматски клима уред “Climatic”.
Со клима уредот може да се постигне пријатна внатрешна температура во секое време.
Достапно за : КК | КМК
Пакет “Светло и прегледно”.
Внатрешниот ретровизор автоматски се затемнува доколку светлата на возилото зад вас се премногу силни. Светлосен сензор автоматски ги вклучува фаровите кога ќе се стемни. Сензорот за дожд ги регулира бришачите на ветробранското стакло.
Достапно за : КК | КМК
Светла за осветлување во кривина.
Светлото за магла го осветлува внатрешниот раб на патот кога ќе се свртите во кривина со брзина од 40 километри на час или помалку. Можните опасности можат да бидат забележани побрзо со што се зголемува безбедноста за време на патувањето.
Достапно за : КК | КМК
Систем за миење на фаровите
Кога е потребно, бризгалките на системот за миење можат да се извлечат од браникот и повторно да се вратат по употребата. Системот функционира кога долгите или позиционите светла се вклучени и активирани се бришачите на ветробранското стакло. Фаровите се чистат секогаш кога се чисти и ветробранското стакло.
Достапно за : КК | КМК
Темпомат.
Почнувајќи од брзина од 30 километри на час, брзината на возилото може да се одржува на константно ниво. Подесената брзина може да се деактивира со кратко притискање на сопирачката или кумплунгот.
Достапно за : КК | КМК
Сензори за паркирање.
Предупредувачки звучен тон му се дава на возачот за да го означи растојанието меѓу возилото и пречките при паркирање. Дополнително, визуелен приказ може да се добие на дисплејот на радио или радио-навигацискиот систем.
Достапно за : КК | КМК


