Мултимедија
Секаде каде што вашиот следен договор ќе ве однесе, доколку сакате Caddy може да ве води директно до вашата дестинација, со помош на модерна технологија за навигација која е достапна како опција. Ако пред вас има сообраќаен метеж, вие секако дека ќе бидете пренасочени за да го избегнете. Вашата забава е исто така обезбдена во текот на патувањето - на пример, со помош на интегрираниот, MP3 компатибилен CD player.
“RCD 210” радио систем
Ова радио со RDS дисплеј има MP3 компатибилен CD player, приклучок за мобилен телефон, Aux-in конекција и два 20 W звучници.
Достапно за : KK | KMK
“RCD 310” радио систем
Ги има сите функции на "RCD 210" плус поголем екран, како и MEDIA-IN приклучок или приклучок за надворешен CD-changer.
Достапно за: KK | KMK
“RNS 315” навигациска функција за “RCD 310” радио систем.
"RNS 315" ги има сите функции на "RCD 310" радио систем, плус 5" екран во боја со touchscreen, кој на пример може да прикажува слики од опционалниот ParkPilot. Четири звучници обезбедуваат оптимален звук. Мапи за Западна Европа се чуваат во интегрираната 6 GB флеш меморија, така што можете да ги слушате вашите омилени CD-а во текот на навигацијата. Еден AUX-IN приклучок и слот за SD картичка се интегрирани во предниот дел на уредот.
Достапно за : KK | KMK
"RCD 510" радио систем.
Ги има сите функции на "RCD 310". Покрај тоа, нуди интегриран CD – changer за 6-CD-a, читач за SD картичка, четири звучници и голем дисплеј со touchscreen.
Достапно за: KK | KMK
“RNS 510” радио- навигационен систем
Овој систем ги нуди сите функции на "RNS 315", но има 6,5" колор екран со touchscreen. Мапите за Западна Европа се зачувани на DVD кое доаѓа со уредот. Овие податоци може да се копират на 30 GB хард диск, така што на CD уредот може да се користи и за други дискови за време на навигацијата. Алтернативно системот може да биде управувана со гласовна контрола – правејќи го возењето поудобно и побезбедно.
Достапно за: KK | KMK
AUX-IN приклучок
AUX-IN приклучок се наоѓа во фиоката во инструмент таблата за да се поврзат надворешни уреди, на пример, CD player. Звукот се пренесува директно преку звучниците на вградениот радио систем.
Достапна за: KK | KMK
Подготовка за мобилен телефон
Безжичен Bluetooth интерфејс ви овозможува да правите телефонски повици безбедно и удобно за време на патувањето користејќи ги микрофонот и звучниците на возилото. Во зависност од опремата, контролата е преку мултифункционален дисплеј "Plus" или екран со touchscreen. Предуслов за ова е Bluetooth компатибилен мобилен телефон.
Достапно за: KK | KMK


