Надворешна опрема.
Кровни шини
Овие го подобруват изгледот на возилото и се идеална основа за прицврстување на додатоци, како кутии на покривот и други носечки конструкции. Кровните шини може да носат товар на покривот до 100 килограми.
Достапно за:КК | КМКЛизгачка врата.
Стандардната странична лизгачка врата од совозачката страна, со висина до покривот, има ширина на отварање од 70 cm. Втората лизгачка врата, од страната на возачот, е на располагање како опција за полесен пристап кога влегувате и излегувате од патничкиот простор или кога утоварувате и истоварувате од товарниот простор.
Достапно за : КК | КМК
Задна врата
Задната врата кај Caddy Kombi има греење на прозорецот и бришачи. Овие функции на задната врата кај Caddy фургонот можат да се добијата како опција.
Достапно за : КК | КМК
Браници во боја на возилото
Браниците во боја на возилото, напред и назад го подобруваат надворешниот изглед.
Достапно за : КК | КМК
Задни дупли крилни врати.
Задните дупли крилни врати чија висина е до покривот се поделени во однос 2/3 - 1/3. Бришачите и греењето на задното стакло се достапни како опција кај Caddy фургон. Тие спаѓаат во стандардна опрема кај Caddy Kombi.
Достапно за : КК | КМК
Кука за влечење, поместлива и со заклучување
Во зависност од моделот, може да носи приколка со товар од 1.035 килограми до 1.500 килограми. Доколку приколката почне да се ниша, во тој случај се активира стабилизација на приколка.
Достапно за : КК | КМК
Тркала
Можете да го опремите вашето Caddy со спортски алуминиумски бандажи и да создадете вистински впечаток кога ќе возите до вашите клиенти.
Четири 6 J x 16 “Siracusa” алуминиумски бандажи.
Со 205/55 R16 гуми.
Не се достапни за Caddy Maxi Комби со 5 седишта.


