Внатрешна опрема
Фиока во инструмент таблата
Фиоката во инструмент таблата може како опција да се нарача со капак со заклучување за да можат документите да се чуваат безбедно и да бидат скриени. Фиоката со заклучување задолжително треба да се порача во комбинација со опционален клима уред.
Достапно за : КК | КМК
Клупа со 3 седишта
Клупата во првиот ред во патничкиот простор кај Caddy Комби и Caddy Maxi Комби се состои од единечно седиште и клупата со 2-седишта. Секое седиште може одделно да се преклопи, преврти и отстрани. Со целосно отстранување на 3-седната клупа, се добива исклучително голема површина за товарниот простор.
Достапно за : КК | КМК
Гумен под
Гумениот под е достапен за товарниот/ патничкиот простор. Тој е направен по мерка на товарниот простор, и едноставен е за чистење.
Достапно за : КК | КМК


