Новиот Caddy со BlueMotion Технологија.
Справување со потрошувачката на гориво.
Моделите на Volkswagen со BlueMotion технологија се дел од големата идеја: да се заштеди гориво, а истовремено да се заштити и околината. Caddy со BlueMotion технологија го има особено економичниот 1,6 l TDI мотор со common rail технологија со моќност од 55 kW или 75 kW. Новиот start/stop систем автоматски го гаси моторот кога возилото е во мирување и се пали повторно кога возењето може да се продолжи.
Потенцијалот за заштеда на гориво е максимално искористен.
Регенеративното кочење, како и аеродинамичните мерки ја намалуваат комбинираната потрошувачка на гориво до само 4,9 l на 100 km, а емисијата на CO2 се намалува до 129 g/km2. Темпоматот, исто така, помага да заштедите гориво: од 30 km/h па нагоре потребната брзина се одржува на константно ниво, стабилното возење ја намалува потрошувачката. Caddy Комби со BlueMotion технологија доаѓа во стандардна изведба со темпомат – како и со помош при нагорнина, што го спречува возилото да се врати назад при тргнување по нагорнина.


