Мотори со природен гас.
По правило, корисниците кои внимаваат особено на трошоците, сакаат
нивниот автомовил да биде економичен за одржување и на краток и долг
рок. Со Caddy EcoFuel и Caddy Maxi EcoFuel добивате две возила, чие
возење станува се повеќе и повеќе економични со текот на времето. И
двата модели првенствено користат природен гас. Така може да ги намалите
вашите трошоци за гориво, бидејќи ова има значително поевтина цена од
бензинот и дизелот. Покрај тоа, моторот има висок степен на ефикасност
на потрошувачка на горивото со природен гас.
Со Caddy Maxi EcoFuel може да патувате до 700km
Заедно со резервата гориво од 13 литри, Caddy EcoFuel може да се вози до 570 km, без повторно полнење на гориво. Caddy Maxi EcoFuel има дострел од 700 километри - доволно да се стигнат лесно и сигурно оддалечените места.
Неограничен волумен на товарен простор
Caddy EcoFuel може да се користи на ист начин како и секој друг Caddy, резервоарите за природен гас се опремени под возилото и во никој случај не го ограничуваат товарниот простор. Во споредба со конвенционалните бензински мотори, двата модели емитуваат до 30% помалку гасови на CO2.


