Совршенo место – во новиот Caddy.
Преклопување, превртување, отстранување – постојат многу опции
Сакате брзо и флексибилно да се адаптирате на желбите на вашите клиенти? Тоа не е проблем. Caddy Комби е добро подготвен да се справи со овој предизвик. Ова компактно возило, доколку е потребно може да биде опремено со седум удобни седишта. Доколку ви треба многу простор за материјали, вториот ред на седишта во патничката кабина може да се отстрани – исто така може и првиот ред. Единечното седиште и двоседната клупа во првиот ред во патничкиот простор може да се преклопат, превртат независно еден од друг, така што ќе добиете солиден товарен простор - токму како што ви е потребно.
Новото Caddy Комби
Има место за сè и сè е на своето место. Има доволно простор за пет патници во Caddy Комби - и за многу алатки како и друг багаж. Со вториот ред на седишта во патничкиот простор, дарежливата внатрешност обезбедува место за седум патници. Понудениот простор од Caddy Комби во комбинација со цврстата, високо-квалитетна изработка, и особено издржливата опрема го прават доверлив партнер на кого можете да се потпрете.
Новиот Caddy Maxi Комби
Времето и трошоците често го ограничуваат значително обемот на вашата дејност. Тоа е причината зошто Caddy Maxi Комби е толку флексибилен. Со првиот ред на седишта во патничкиот простор како стандард и вториот ред како опција, тоа може ако е потребно да превезува до седум лица, заедно со нивната опрема. Единечното седиште во првиот ред на седишта можат да се преклопи или преврти напред за лесен пристап кога станува збор за влез и излез од возилото. Доколку треба во секое време да транспортирате повеќе од вообичаеното, 47 cm подолгиот простор за патници и товарниот простор може да се приспособи за многу кратко време - со преклопување, превртување или целосно отстранување на клупите со 2 и со 3-седишта во патничкиот простор. Ова изгледа неверојатно флексибилно - но тоа е карактеристично за Caddy.


