Caddy Комби – безбедно работно место.
ESP – стандардна опрема
Во Caddy Ве очекува исклучително безбедно работното место. Тоа во стандардна изведба е опремено со електронската стабилизирачка програма, како и со стабилизирачка контрола на приколката, анти блокирачки систем на сопитање, контрола на пролизгување и електромеханички сервоуправувач. Доколку дојде до најлошото најдобрата можна заштита од повреда е обезбедена со стандардното воздушно перниче за возачот и опционалното за совозачот, како и страничните воздушни перничиња за возачот и совозачот.
Тргнување по нагорнина: без напор
Со помош при тргнување на нагорнини, кој може да се порача како дополнителната опрема, вие никогаш нема да имате проблем со возење при тргнување што го спречува возилото несакано да се врати назад. Помош при тргнување на нагорнини е стандардна опрема за Caddy 4MOTION и Caddy со BlueMotion технологија.
Оптимална заштита за вашиот товар
Четири стандардни алки се предвидени во Caddy Комби за обезбедување на вашиот товар. Caddy Maxi Комби доаѓа со шест алки. Доколку е потребно, метални алки се достапни за страничните панели. Доколку се одлучите за задни крилни врати, наместо задна летачка врата, можете да ги заштитите прозорците во задните врати со робусни челични решетки. Покрај тоа, решетките исто така, обезбедуваат заштита од кражба на товарниот простор.


