Удобност
Caddy докажува од ден на ден, дека едно компактно комерцијално возило може да биде и исклучително практично и исклучително удобно - со удобни седишта, ернономски дизајн, мотори со ниско ниво на бучава и добро изолирана внатрешност. Опремата што треба да се истакне, како на пр. електронски клима уред, иновативните системи за помош при возење и добро обмислените системи за вентилација можат да се нарачаат како опција за Caddy фургон и Caddy Комби.
Прилагодување на висината и длабочината на воланот
Воланот може да се подеси по длабочина (+20 mm/-20 mm) и висина (30 mm/-20 mm) и на тој начин секогаш може да се постави во идеална позиција за возачот. Стандардниот сервоуправувач го зголемува маневарската способност при паркирање и безбедноста при возење.
Достапно за : KФ | KMФ
Мултифункционален волан
Кожниот 3-крак мултифункционален волан може да се подеси по висина и длабочина. Интегрираните прекинувачи му овозможуваат на возачот да управува со радиото, навигациониот систем и мобилниот телефон.
Достапно за : KФ | KMФ
Мултифункционален дисплеј
Борд компјутерот ги покажува моменталните информации како што се преостанатиот пат, надворешната температура, просечната потрошувачка на гориво, како и препорачаниот степен на пренос за поекономичнo возење.
Достапно за : KФ | KMФ
Мултифункционален дисплеј “Plus”
Дисплејот може да се користи за регулирање дополнителното греење кое е достапно како опција. Во комбинација со опционален навигационен систем, на екранот се прикажуваат стрелките за насока на движење за помош при навигација.
Достапно за : KФ | KMФ
Полуавтоматски клима уред “Climatic”
Со клима уредот може да се постигне пријатна внатрешна температура во секое време.
Достапно за : KФ | KMФ
Автоматски клима уред “Climatronic”
Автоматскиот клима уред со 2-зонска регулација на температурата за возачот и совозачот обезбедува посакуваната внатрешна температура да се одржува на константна ниво.
Достапно за : KФ | KMФ
Пакет “Светло и прегледно”
Внатрешниот ретровизор автоматски се затемнува доколку светлата на возилото зад вас се премногу силни. Светлосен сензор автоматски ги вклучува фаровите кога ќе се стемни. Сензорот за дожд ги регулира бришачите на ветробранското стакло.
Достапно за : KФ | KMФ
Светла за осветлување во кривина
Светлото за магла го осветлува внатрешниот раб на патот кога ќе се свртите во кривина со брзина од 40 километри на час или помалку. Можните опасности можат да бидат забележани побрзо со што се зголемува безбедноста за време на патувањето.
Достапно за : KФ | KMФ
Систем за миење на фаровите
Кога е потребно, бризгалките на системот за миење можат да се извлечат од браникот и повторно да се вратат по употребата. Системот функционира кога долгите или позиционите светла се вклучени и активирани се бришачите на ветробранското стакло. Фаровите се чистат секогаш кога се чисти и ветробранското стакло.
Достапно за : KФ | KMФ
Темпомат
Почнувајќи од брзина од 30 километри на час, брзината на возилото може да се одржува на константно ниво. Подесената брзина може да се деактивира со кратко притискање на сопирачката или кумплунгот.
Достапно за : KФ | KMФ
Сензори за паркирање
Предупредувачки звучен тон му се дава на возачот за да го означи растојанието меѓу возилото и пречките при паркирање. Дополнително, визуелен приказ може да се добие на дисплејот на радио или радио-навигацискиот систем.
Достапно за : KФ | KMФ


