Надворешна опрема.
Службеното возило на компанијата пренесува не само материјали и алати но исто така го пренесува и впечатокот за вашата фирма. За да бидете сигурни дека ќе оставите силен впечаток, Caddy има безвременски дизајн и карактеристична Volkswagen предница. Имате голем избор на опционална практична опрема да изберете за понатамошно прилагодување на изгледот според вашите барања.
Caddy фургон со странични прозорци
Страничните панели на Caddy фургонот можат да бидат заменети со четири прозорци за да се обезбеди повеќе светлина во товарниот простор.
Достапно за: KФ
Прозорец во лизгачката врата на Caddy фургон
Обезбедува дополнителна светлина во товарниот простор. На барање, исто така прозорец може да се вклопи во опционалната лизгачка врата од лева страна.
Достапно за: KФ
Прозорец на лизгачката врата за Caddy Maxi фургон
Обезбедува дополнителна светлина во товарниот простор. На барање, исто така прозорец може да се вклопи во опционалната лизгачка врата од лева страна.
Достапно за: KMФ
Кровни шини
Овие го подобруват изгледот на возилото и се идеална основа за прицврстување на додатоци, како кутии на покривот и други носечки конструкции. Кровните шини може да носат товар на покривот до 100 килограми.
Достапно за: KФ | KMФ
Лизгачка врата.
Стандардната странична лизгачка врата од совозачката страна, со висина до покривот, има ширина на отварање од 70 cm. Втората лизгачка врата, од страната на возачот, е на располагање како опција за полесен пристап кога влегувате и излегувате од патничкиот простор или кога утоварувате и истоварувате од товарниот простор.
Достапно за : KФ | KMФ
Задна врата
Задната врата кај Caddy Kombi има греење на прозорецот и бришачи. Овие функции на задната врата кај Caddy фургонот можат да се добијата како опција.
Достапно за : KФ | KMФ
Браници во боја на возилото
Браниците во боја на возилото, напред и назад го подобруваат надворешниот изглед.
Достапно за : KФ | KMФ
Пакети за надворешен изглед
Браниците, рачки на вратите и куќиштата на ретровизорите се во боја на возилото. Достапни се само во комбинација со електрични прозори и ретровизори со електрично прилагодување, но не можат да се добијат во сите бои. Ве молиме контактирајте го вашиот локален дилер на Volkswagen комерцијални возила за повеќе детали.
Достапно за : KФ | KMФ
Задни дупли крилни врати
Задните дупли крилни врати чија висина е до покривот се поделени во однос 2/3 - 1/3. Бришачите и греењето на задното стакло се достапни како опција кај Caddy фургон. Тие спаѓаат во стандардна опрема кај Caddy Kombi.
Достапно за : KФ | KMФ
Кука за влечење, поместлива и со заклучување
Во зависност од моделот, може да носи приколка со товар од 1.035 килограми до 1.500 килограми. Доколку приколката почне да се ниша, во тој случај се активира стабилизација на приколка.
Достапно за : KФ | KMФ
Тркала
Можете да го опремите вашето Caddy со спортски алуминиумски бандажи и да создадете вистински впечаток кога ќе возите до вашите клиенти.


