Внатрешна опрема
Робусен, високо-квалитетен, издржлив: карактеристиките на внатрешната опрема ги надополнуваат оние на надворешноста. Нормално, вниманието е исто така, насочено на удобноста и флексибилноста и тоа е нагласено со многу прегради за ситници во кабината и просторот за патници, можноста за преклопување, превртување и отстранување на седиштата, како и многу други практични опции за опрема.
Фиока во инструмент таблата
Фиоката во инструмент таблата може како опција да се нарача со капак со заклучување за да можат документите да се чуваат безбедно и да бидат скриени. Фиоката со заклучување задолжително треба да се порача во комбинација со опционален клима уред.
Достапно за : KФ | KMФ
Flex Плус пакет за седишта
Совозачкото седиште може да се преклопи во просторот за нозете и преградата да се заротира. Со ова се создава поголем товарен простор, така што долги и габаритни предмети исто така може да се транспортираат лесно.
Достапно за : KФ | KMФ
Полна преграда со прозорци
Можете да внимавате на товарот низ прозорците во робусната преграда.
Достапно за : KФ | KMФ
Полна преграда
Робусната преграда ја дели кабината од товарниот простор и обезбедува високо ниво на пасивна заштита. Таа е цврсто фиксирана на каросеријата на возилото и е во согласност со DIN 75410-3 стандардот.
Достапно за : KФ | KMФ
Дрвен под
Товарниот простор на Caddy фургонот може да се обложи со дрвен под со нелизгачка површина. Дрвениот под е водоотпорен и го штити подот од оштетување.
Достапно за : KФ | KMФ
Гумен под
Гумениот под е достапен за товарниот/ патничкиот простор. Тој е направен по мерка на товарниот простор, и едноставен е за чистење.
Достапно за : KФ | KMФ


