Погон 4MOTION – бидејќи четири можат да управуват подобро од два.
Вирови и влажни лисја во есен, снег и мраз во зима - кал и песок на градилиштата. Површините на патиштата често се различни. Вие сте идеално подготвени за вакви ситуации со Caddy 4MOTION. Haldex спојката го дистрибуира вртежниот момент на оските во согласност со условите на површината на патот за да се обезбеди подобра влечна сила и оптимална управливост. Погонот 4MOTION нуди високо ниво на активна безбедност и стабилност - дури и при ветрови кои дуваат во попречен правец. Погонот на сите тркала овозможува повисоки брзини при движење во кривина и има позитивен ефект при забрзувањето на возилото.
Единствен во својот сегмент на возила.
Фактот дека новиот Caddy и новиот Caddy Maxi се достапни со погон 4MOTION на сите тркала ги одвојува од своите конкуренти. Ниедно друго возило во оваа класа не може да го понуди овој вид на погон. Caddy и Caddy Maxi кои се опремени со 4MOTION погон на сите тркала имаат 2.0 литарски 81 kW TDI мотор и 6-степен мануелен менувач. Стандардот Hill Holder (помош при нагорнина) ви го олеснува тргнувањето по нагорнина. Ова го спречува возилото да се врати назад. Доколку често треба да возите по патишта со дупки или треба да се паркирате на градилишта со нерамнини, моторот на Caddy 4MOTION може да бидат опремен со опционална заштита на подвозјето.


