Товарниот простор ги исполнува сите барања – и нуди изобилство можности
Многу опции и волумен до 4,7m³
Од овошје и зеленчук па се до вредните вработени - при планирањето на Caddy, нашите инженери зедоа во предвид многу нешта. Пред се, тоа што треба да го транспортирате мора да се ракува со внимание. Товарниот простор, затоа, може индивидуално да биде дизајниран со лизгачки врати, прегради, обложување на подот, системи за обезбедување, заштитни решетки и системи за вентилација. Само тогаш можеме да бидеме сигурни дека ви ја нудиме потребната опрема што ви треба за да го пренесете вашиот товар безбедно до крајната дестинација. Caddy Maxi Фургон има најголем товарен простор во својата класа.
Не само пространа, но исто така и исклучително практична.
Како и во вашата работа, донесете ги вашите одлуки врз основа на факти. Caddy Фургонот има многу простран товарен простор со волумен од 3,2m3 и лесен пристап од совозачката страна преку 70cm лизгачка врата, најширока во својата класа. Материјалите и алатот можат да се товарат брзо и лесно преку стандардната единечна врата што се отвара нагоре или опционалната дупла крилна врата. По барање, може да го добијете Caddy Фургонот со втора лизгачка врата од страната на возачот. За да се осигурате дека вашиот товар е секогаш цврсто прицврстен при транспортот до потребната дестинација, возилото има шест алки во стандард и полна преграда помеѓу кабината и товарниот простор. Долги и габаритни предмети, исто така може лесно да се транспортират со помош на опционалниот пакет на седишта Flex Плус. Овој пакет се состои од една преграда која може да се сврти напред кон возачот и преклопливо совозачкото седиште, кое мо`е да се спушти кон подот, со што се зголемува волуменот на товарниот простор до 3,7m3.
Во однос на товарниот простор Caddy Maxi Фургон е најдобар во својата класа.
Исполнување на максималните барања на купувачите при максимален товарен простор. Caddy Maxi Фургон може да транспортира поголеми предмети со леснотија благодарение на најдолгиот товарен простор во својата класа и волумен до 4,2m3. Ова ви овозможува да транспортирате долги и габаритни предмети со тежина до 800 килограми. Опционалниот Flex Plus пакет на седишта овозможува да се зголеми товарниот простор дури и до 4,7m3. Кај Caddy Maxi Фургонот може да се порачаат како опција практични, лесни за ракување, шини на страничните панели за безбедно да се прицврсти вашиот товар.


