Crafter GP. Впечатливо моќен.
Го познавате Crafter како едно од најголемите и најсестраните лесни комерцијални возила. Откријте го сега како едно од најекономичните, најмоќните и најдоверливите. За тоа се грижат три компактни и уште поекономични Common-Rail-TDI-мотори. Тие специјално се конструирани за тешки предизвици.
Исто така и новите опреми за внатрешниот простор – на пример новите навлаки за седишта – како и други многу корисни опции, го прават работното секојдневие значително поедноставно. И тоа во три тежински категории, три меѓуосовински растојанија и четири различни изведби: како комби, фургон, камионет и шасија.
Кога ниеден пат не Ви е предалечен.
Новиот Crafter GP овозможува најголема ефикасност при секој транспорт. Со вредности на вртежни моменти до 400 Nm (120 kW/163 КС-Мотор) при истовремено екстремно ниска потрошувачка на гориво, поставува стандарди во својата класа. Покрај тоа, сèопфатниот пакет на модерни системи за помош Ви дава поддршка на кратки и долги патеки, како на пример опционалниот уред за регулирање на брзината и серискиот уред за препорака за поставување степен. Притоа, благодарејќи на извондредно високата варијабилност скоро и да не постојат граници: таа достигнува до 17 m³ простор за товарење во Crafter GP Фургон, па се до 9 удобни седишта во Crafter GP Комби. Сериската подготовка за дополнителни помошни погонски системи, го прави новиот Crafter GP да биде оптимална основа за голем број на изведби и надградби.
Кога на секоја задача и пристапувате со насмевка.
Новиот карактеристичен изглед на предниот дел на Crafter GP остава моќен и модерен впечаток. Уште поважно е, што се крие зад тоа: просторната кабина нуди висок степен на ергономија и комфор – меѓу другото благодарение на новиот дисплеј со 2 круга, новодизајнираната инструментна табла и уште поудобните навлаки за седишта.

