Новиот Crafter GP со BlueMotion технологија.
Штеди дополнително до 0,8 l/100 km.
Потрошувачката на гориво да се намали уште повеќе, да се продуцира што е можно помала емисија на издувни гасови, а сепак да се зголеми и моќноста: оваа цел ја постигнавме со Crafter GP, со моторот од 120 kW/163 КС и BlueMotion технологијата. Тој располага со вртежен момент од 400 Nm и просечно троши само 7,2 l/100 km, а тоа се 0,5 l/100 km помалку во споредба со исто толку силниот модел на Crafter GP без BlueMotion технологија. Кај Crafter GP со 80 kW/109 КС заштедата изнесува дури до 0,8 l/100 km. За тоа е заслужна еден досетлива комбинација од повеќе мерки наменети за штедење енергија.
Тука се вбројуваат Start-Stop-системот, интелигентен систем за управување со енергијата, кој го штеди акумулаторот, како и уредот за рекуперација, кој при сопирање ефиксано ја искористува енергијата што се ослободува. За да постигнете ефикаснен стил на возење, дополнително Ви помага уредот за регулирање на брзината, долгиот преносен однос како и препораката за менување на степен на пренос. Последното го имате дури и во сериската опрема во секој Crafter GP.
Како функционира Start-Stop-системот?
Доколку возачот го запира возилото до застанување, поставува нулти степен (лер) и го отпушта куплунгот, активираниот систем автоматски го исклучува моторот. Веднаш потоа, на инструментната табла светнува MSS-индикаторот. Кога возачот повторно ќе го притисне куплунгот, системот повторно го стартува моторот.
Start-Stop-системот, кој штеди гориво и енергија се комбинира со понатамошните иновации: менаџирањето со енергијата ги исклучува по потреба некорисните потрошувачи, за да спречи несакано застанување на возилото. Рекуперацијата постигнува директни заштеди на гориво со специјална постапка за дополнување на акумулаторот, како и обновување на енергијата при процесот на сопирање.

