Најмодерните Common-Rail- TDI-мотори
Денешните мотори мораат да бидат поефикасни од кога и да е: тие мораат да бидат многу моќни, со висок вртежен момент, притоа лесно да се одржуваат и со можност да поминат преку 200.000 километри. Го прифативме овој предизвик – и развивме три ултра-модерни 2,0-литарски-TDI-мотори, кои дури ги исполнуваат и строгите стандарди за издувни гасови EEV и Еуро 5.
Истовремено сите мотори се особено економични, меѓу другото благодарејќи на редуцираната работна зафатнина на моторот и Common-Rail-технологијата. Така, просечната потрошувачка на гориво на моторот со 120 kW/163 КС изнесува само 7,7 l/100 km со емисија на CO2 од само 203 g/km. Притоа, сите нивоа на моќност сериски се опремени со подготовка за дополнителни агрегати. И многу лесно можат да се вградат компресори за ладење и генератори.
Ова се предностите на новите Common-Rail-TDI-мотори:
- Намалена работна зафатнина на моторот – од 2.461 cm³ на 1.968 cm³. Одлучувачки за ниската потрошувачка на новите мотори е и намалениот волумен на просторот за мотор – бидејќи онаму каде што се вбризгува помалку гориво, помалку и се согорува. И тоа при иста моќност: го добивате 2,0-l-TDI со 80 kW/106 КС, 100 kW/136 PS или 120 kW/163 КС.
- Зголемен вртежен момент – од 360 Nm na 400 Nm. Високиот вртежен момент е особено важен за секојдневното возење, на пример овозможува поголемо забрзување и при пониски степени. Заради тоа, вртежниот момент на Crafter GP со 120 kW/163 КС беше уште еднаш зголемен: на 400 Nm. Во комбинација со просечната потрошувачка на гориво од 7,7 l/km поставува највисоки стандарди за останатите возила во својата класа.
- Намалени работни трошоци – за до 10 % годишно. Намалувањето на потрошувачката на гориво, безбедните мотори и сега уште понамалениот трошок за одржување и сервис значително ги намалува работните трошоци.
- Зголемена носивост – во зависност од моделот за до 120 kg. Колку е полесно возилото, толку е поголема носивоста: ова размислување беше уште еден поттик за тоа, новите Common- Rail-агрегати да се конструираат што е можно покомпактно – за да можете при секое возење да транспортирате уште повеќе товар.

