Големината на кокпитот веднаш остава впечаток.
Висок квалитет и по многу години.
Со големи димензии, исклучително отпорна и во исто време комфорна: кабината на Crafter GP ги исполнува сите барања, кои му ги поставувате на едно лесно комерцијално возило – токму во областа ергономичност. Како и диспејот со 2 круга, така и инструментната табла се преконструирани со цел и сега да ја комбинираат прегледноста со практичноста и со високиот квалитет на еден Volkswagen кокпит.
Релаксирано патување.
Рачката на менувачот која овозможува лесно менување брзини во новиот дизајн на Volkswagen е поставена блиску на дофат до воланот. Притоа, ергономичните седишта и ефикасното пригушување на надворешните звуци и звуците од моторот Ви овозможуваат да патувате релаксирано. И тоа ќе трае со години – бидејќи се користат само висококвалитетни и цврсти материјали. Токму онака, како што се очекува од едно Volkswagen комерцијално возило.
Ова и многу повеќе Ве очекува во кабината за возачот:
- Две кровни прегради, големо светло за читање и преграда за очила
- DIN-A4-преграда во средишната конзола
- Држач за листови
- Преграда за шишиња од 1,5 литри во тапацирот на вратите напред
- Издржливи подни покривки

