Новиот Crafter GP Фургон. На успехот му е потребен квалитет.
Новиот Crafter GP Фургон овозможува најголема ефикасност при секој транспорт. Со вредност на вртежниот момент до 400 Nm (120 kW/163 КС-Мотор) при истовремено екстремно ниска потрошувачка на гориво поставува стандарди во својата класа. Покрај тоа, сèопфатниот пакет на модерни системи за помош Ви дава поддршка на кратки и долги патеки, како на пример опционалниот уред за регулирање на брзината и серискиот уред за препорака за поставување степен. Притоа, благодарејќи на извондредно високата варијабилност за вас скоро и не постојат граници. Сериската подготовка за дополнителни помошни погонски системи, го прави новиот Crafter GP да биде оптимална основа за голем број на изведби и надградби.
Товарен простор – варијабилен и прилагодлив како никогаш досега
На оној ќе се одлучи за Crafter GP, му се отвораат уникатни можности за транспорт. Во фургонот, благодарејќи на големите задни крилни врати и на страничната лизгачка врата, најширока во својата класа, можете брзо и едноставно да натоварите до 17 m³ – и тоа со до околу 120 kg повеќе отколку досега. На доброосмислениот систем за прицврстување му припаѓаат на пример и многуте сериски и опционални можности за врзување, коишто овозможуваат сè безбедно да остане на свое место.
Оној кој овозможува многу.
Во товарниот простор можете да натоварите до пет еуро-палети. Задните крилни врати со опционалниот агол на отворање до 270°, како и исклучително широката лизгачка врата со товарна ширина од 1.300 mm, при средно и долго меѓуоскино растојание, го олеснуваат товарењето и истоварувањето. Уште полесно е со опционалната втора лизгачка врата.

