Crafter GP Камионет. На успехот му е потребен квалитет
Новиот Crafter GP Камионет овозможува најголема ефикасност при секој транспорт. Со вредности на вртежни моменти до 400 Nm (120 kW/163 КС-Мотор) при истовремено екстремно ниска потрошувачка на гориво поставува стандарди во својата класа. Покрај тоа, сèопфатниот пакет на модерни системи за помош Ви дава поддршка на кратки и долги патеки, како на пример опционалниот уред за регулирање на брзината и серискиот уред за препорака за поставување степен. Притоа, благодарејќи на извондредно високата варијабилност за вас скоро и не постојат граници. Сериската подготовка за дополнителни помошни погонски системи, го прави новиот Crafter GP да биде оптимална основа за голем број на изведби и надградби.
Изграден за напорна работа.
Новиот Crafter GP Камионет со единечна или дупла кабина го комбинира комфорот со функционалноста. Во дуплата кабина има доволно простор за седум колеги, од кои четворица на задната клупа. Дополнителните странични задни врати го прават влегувањето особено удобно, нивните подигнувачки прозори се грижат за довод на свеж воздух. Доколку се крене задната клупа, се добива доволно простор за сместување на алати. Ракавици за работа, кутии за намирници и многу други ситници можат да се сместат во практичните прегради во возачката кабина.
Дополнителен простор за складирање се добива, доколку се одлучите за опционалната дупла совозачка клупа – која се разбира е достапна и за единечна кабина. Crafter GP Камионетот не се одликува само со пространост во кабината. Без разлика дали превезувате две еuro-палети и дополнителни вреќи со материјали или поголеми машини за работа – сè што Ви е потребно на градилиштето можете да го сместите во робустната товарна платформа. Благодарејќи на полесните мотори сега можете да транспортирате дури и до 120 kg повеќе, максимално до 2.793 kg. Кај единечната кабина на располагање Ви стојат внатрешните должини на товарната платформа 2.850, 3.400, 3.600 и 4.300 mm, кај дуплата кабина истите се 2.700, 3.400 и 3.600 mm. За да се олесни качувањето на камионетот и со тоа и товарењето и истоварувањето, задната страница на товарната платформа има можност за склопување.

