Crafter GP Комби. На успехот му е потребен квалитет.
Новото Crafter GP Комби овозможува најголема ефикасност при секој транспорт. Со вредности на вртежни моменти до 400 Nm (120 kW/163 КС-Мотор) при истовремено екстремно ниска потрошувачка на гориво поставува стандарди во својата класа. Покрај тоа, сèопфатниот пакет на модерни системи за помош Ви дава поддршка на кратки и долги патеки, како на пример опционалниот уред за регулирање на брзината и серискиот уред за препорака за поставување степен. Притоа, благодарејќи на извондредно високата варијабилност за вас скоро и не постојат граници. Сериската подготовка за дополнителни помошни погонски системи, го прави новиот Crafter GP да биде оптимална основа за голем број на изведби и надградби.
Се радувате на кабина, којашто Ви го нуди сиот комфор. И којашто по желба можете индивидуално да ја уредите. Редовите на седишта во Crafter GP Комбито можат поединечно да се отстранат, при што се добива дополнителен товарен простор, на пример за материјали и алатки. Удобните седишта се обложени со издржливи материјали – сериски со материјалот „Tasamo“, по желба со материјалот „Timo“ или со лесно одржливата вештачка кожа – во секој случај во нов, исклучително безвремен дизајн. Не е чудо што човек со задоволство се задржува тука: наутро на пат до работа, за време на паузата и навечер на пат кон дома.
Без разлика дали се работи за комфорно превезување на лица во хотелскиот бизнис, за транспорт на работници од едно градежно место до друго или само за товарно возило – користете ја прилагодливоста на комби-патничкиот простор според Вашите цели. Благодарејќи на големиот избор на висококвалитетни внатрешни материјали, опционалните, од Б-столбот затемнети, странични стакла и модерните навлаки за седишта, можете да го прилагодите патничкиот простор на комбито во согласност со вашите желби.
Се грижи за најдобри климатски услови.
Единаесет различни системи за вентилација, греење, и ладење се грижат за да се чувствувате пријатно. За да не мораат Вашите гости долго да се смрзнуваат во зима и за брзо да имате јасен поглед, комбито е сериски опремено со електричен дополнителен грејач. За да влезе топлината или во лето освежувачкото студенило во патничкиот простор, вградени се отвори за вентилација во просторот на нозете. Дополнително можете да ги отворите опционалните, странични прозори со електрично регулирање.
Доволно простор за главата и нозете.
Независно дали се работи за превоз на патници или за транспорт на товар, Crafter GP комби се истакнува пред сè со извонредната просторност. Тоа посебно го ценат високите патници: така на пример комбито со висок покрив и средно меѓуоскино растојание нуди висина од 1,94 m и во внатрешниот простор можат удобно да стојат и повисоки лица. Во седиштата можете да уживате во оптималната слобода за нозете и во безбедноста преку сигурносните појаси со три точки на врзување и наслоните за глава кои се регулираат во 4 насоки. Во комбито нема доволно простор само за вас, туку и за Вашите чанти и куфери. Или пак за материјал и алат за работа. Ако Ви е потребен дополнителен простор, можете едноставно и брзо да ги демонтирате седиштата.

