Crafter GP Шасија. На успехот му е потребен квалитет
Поставете ја Вашата работа на солидна основа. Најдобро на издржливата и стабилната носечка рамка на Crafter GP Шасијата. Без разлика дали користите единечна или дупла кабина, широка понуда од различни надградби од отворен или затворен тип се на располагање за исполнување на Вашите барања. Помеѓу различните тонажи и должини на возилото и од трите варијанти на меѓуосовински растојанија имате можност да ја изберете правилната комбинација за Вашата надградба. Дополнително на располагање е 4,6-тонска изведба со Supersingle - гуми.
По желба, електричен приклучок може да се вгради во електрониката во возилото. Тој претставува интелигентна врска меѓу базичната изведба на возилото и надградбата со кој може да се конфигурира управувањето со дополнителните функции. Потребната енергија по желба може да обезбеди помошни погони – подготовка за помошниот погон од моторот- за сите нивоа на моќност е сериски, помошните погони од менувачот се опционални. Помошниот погон на моторот може да постигне моќност од 28 kW при 2.500 врт/мин и максимален вртежен момент од 140 Nm при 1.000 до 1.200 врт/мин.
Новиот Crafter GP Шасија овозможува најголема ефикасност при секој транспорт. Со вредности на вртежни моменти до 400 Nm (120 kW/163 КС-Мотор) при истовремено екстремно ниска потрошувачка на гориво поставува стандарди во својата класа. Покрај тоа, сèопфатниот пакет на модерни системи за помош Ви дава поддршка на кратки и долги патеки, како на пример опционалниот уред за регулирање на брзината и серискиот уред за препорака за поставување степен.
Основа за неограничени можности.
Crafter GP е компатибилен со мноштво на надградби. Благодарејќи на блиската соработка со водечките произведувачи на надградби и изведби, ние однапред за нив го опремивме со важни подготовки. Така, секоја Шасија располага со стандардизирани прицврстувачки точки на коишто можат брзо и безбедно да се монтираат надградбите. По желба, обезбедени се клеми за потребното енергетско снабдување на сите компоненти на системот. Покрај тоа, ние го прилагодуваме подвозјето на соодветната изведба или надградба.
Доколку сакате да направите кутија или повеќефункционална платформа со ротирачки кран, не може да погрешите со Crafter GP. Рамната, издржлива носечка конструкција овозможува едноставно прицврстување на надградбата.
Затоа Crafter GP е совршен за сите надградби:
- Мала сопствена тежина за тешки монтажни решенија: И за тешките надградби новиот Crafter GP е идеалната основа. Поради малата сопствена тежина и големата корисна носивост, овозможува комбинација со исклучително тешки надградби. За значително зголемување на флексибилноста.
- Сериски подготвен за помошни погонски системи: Секој мотор сериски е опремен со подготовка за помошен погон и секој надоградител може без проблеми да вгради компресор за ладење, 230-V-генератор за режимот за мирување или еден 14-и 28-V-генератор за режим за возење.
- Електричен приклучок за надворешна употреба: Приклучокот се грижи за автоматизирана усогласеност на поединечните функции, како точното управување на бројот на вртежите на помошниот погон. Приклучокот е достапен како опција и може индивидуално да биде конфигуриран од страна на надоградителот за управување со дополнителните функции.
- Други подготовки за произведителот на надградба и изведба: По желба Crafter GP се опремува уште од фабрика со многу подготовки: на пример за ретардер, ѕид за товарна површина, 3-страничен кипер или странични светла за означување. Исто така достапни се и осветлување на товарниот простор, ротациони светла, задни светла и дополнителни трепкачи.
- Голем избор на произведители на надградби и изведби: Од возила за прва помош до ладилници, од кранови до опрема за влечење: Нашите долгогодишни професионални партнери Ви нудат мноштво надградби и изведби изработени по мерка – се разбира на високо ниво на квалитет.

