Новиот Транспортер. Поставува нови стандарди.
Кога товарот не е вообичаен.
Задачите на модерната комерцијално возило се разноврсни и сложени. Затоа, важно е да биде оптимално опремено за различни предизвици на секојдневната работа. И тоа во секое време. Транспортерот со таа тешка задача се справува мошне добро. Неговите бројни иновации се резултат на детални консултации со експерти од оваа област, и повеќе од 60 години искуство. Така настана ова товарно возило кое по прашање на флексибилност не само што ги задоволува нормите, туку и поставува нови стандарди.
Кога Ви е потребно повеќенаменско возило.
Новиот транспортер ви нуди решенија за секојдневен превоз скроен по мерка за повеќе намени и обезбедува индивидуална конфигурација за сите подрачја на примена:
• Транспортер во 4 верзии (фургон, комбе, камионет и шасија)
• 2 меѓуосовински растојанија
• 3 висини на кров кај фургон и комбе
• 5 облици на товарен простор кај фургон и комбе
• 3 облици на товарна површина за камионет
• 9 места за седење за комбе

