Со комфортот се е полесно дури и во товарното возило.
Новиот транспортер: повеќе комфортен.
Транспортерот мора да понуди повеќе од превоз на работници и материјали од точка А до точка Б. Во праксата често служи како мобилна канцеларија и повеќе од тоа. Затоа Транспортерот потврдува голем простор во внатрешноста и комфорт во возењето. Од ергономски обликувани седишта со опционален наслон за 'рбет, систем за поддршка на возачот, па се до радио-навигациони системи и може да се каже дека на возачот скоро ништо не му недостасува. Нормално сето тоа е изработено од врвен квалитет на материјали кој се очекува од еден Volkswagen.
По желба и веќе постоечките делови за ситници можат и дополнително да се прошират и да се добие во простор. Дополнителната опрема на сите модели нуди преклопна преграда која ги одвојува сoвозачките седишта со задниот простор. Исто така на располагање ви стои и мултифункционален кожен волан.

