Новите системи за подршка на возачот сега покомфорни и посигурни.
Ако и самите себе сакате да се превезете сигурно.
Во Транспортерот треба да се чуствувате не само удобно,туку и безбедно. Интелегентниот концепт на сигурност Ви нуди поддршка во текот на возењето и на најдобар можен начин Ве чува од повреда во случај на незгода. Уредот за контрола на брзина почнува од 30 km/h и ја задржува брзината која ја имате одбрано. Системот за помош при паркирање Rear Assist прикажува слики од камерите со поглед наназад на екранот на радио-навигацискиот систем и така ви овозможува подобра прегледност назад. Asistent за светло за возење со функција Coming-home и Leaving-home автоматски ги вклучува светлата во мрак и ја осветлува околината при влез и излез од автомобилот.
Светло за свртување на непрегледни раскрсници и вкрстување на споредни со главни патишта, вклучување на светло за возење, како и контрола на притисок во гумите ви стојат на располагање како дополнителна опрема, исто така и системот за подршка на возачот Side Assist, Rear Assist и ParkPilot. Последните две опции го контролираат подрачјето околу вашето возило и ви помагаат во маневрирањето и паркирањето.
• Систем за помош за промена на лента Side Assist: радарски сензор за надзор на сообраќајот. Доколку во моментот на промена на коловозната лента некое возило се наоѓа во мртов агол, системот ве предупредува со сигнал на надворешните ретровизори.
• Светло за свртување: Подвижниот модул за светла за магла го осветлува внатрешниот дел на кривината, доколку возите 40 km/h или поспоро. На тој начин сте во можност брзо да ја воочите опасноста и сигурно да стигнете до дестинацијата.
• Rear Assist: Со камерите со поглед назад Вие сте во можност да видите подрачје надвор од опсегот на вашиот транспортер. Линиите на екранот на радио-навигациониот систем RNS 510 ви прикажува оптимално маневрирање при паркинг наназад.
Сега повеќе безбеден за возачи и совозачи
Безбедноста е најважна. Тоа важи за сите подрачја за работа и нормално и кај Транспортер. Уште во сериска опрема заштитата нуди електронска контрола на стабилност (ESP), вклучува и подршка при нагло кочење и брзо возење, систем против блокада на тркала (ABS) и електронска блокада на диференцијал (EDS). Во сериската опрема за безбедност се вклучени известување за врзување на сигурносните појаси и воздушно перниче за возач.
Потполно заштитени – останати елементи за сигурносна опрема:
• Електронска распределба на силата на кочење (EBV): Доколку во некоја ситуација тежината на кочење се премести на предните тркала електронската распределба на сила на кочење (EBV) ја спречува блокадата на помалку оптоварените задни тркала. Така возилото секогаш останува во истата возна лента.
• Предупредување за врзување на појасите: Сигнализира дека возачот не го врзал сигуросниот појас. Со оптички и звучен сигнал при почетокот на возење од него се бара да го врзе сигуросниот појас.
• Електронска контрола на стабилност (ESP): Помага при тргнување на стрмен предел и електронска блокада на диференцијалот во ситуации на пролизгување во возење и контролирано влијае на управувањето со кочниците и моторот. Така возилото достигнува максимална стабилност при возење.
• Контрола на притисок во гумите: Дава знак на предупредување при промена на притисок во една од четирите гуми: Го известува возачот за што поскоро да го провери притисокот на гумите.
• Систем против блокада на тркалата (ABS): Ја спречува потполната блокада на тркалата и значајно го подобрува управувањето на возилото про нагло кочење.
• Систем за помош при нагло кочење: Препознава со која брзина се притиска педалата за кочење. Кај рефлексно и нагло кочење системот брзо остварува максимален притисок во кочењето.
Системот за подршка и сигурносна опрема делумно се дел од сериска и дополнителна опрема. Ве молиме информирајте се за сериската опрема за избраниот модел.

