Нови TDI мотори: уште поштедливи и посилни.
Четири TDI мотори комбинираат висок вртежен момент со ниска потрошувачка. Моќните агрегати за прв пат работат со Common-Rail технологија. Ова доведува до постигнување на поголема моќност со ниска емисија на штетни гасови. Сите TDI мотори задоволуваат Euro-5 стандард на издувни гасови и сериски се опремени со филтер за дизел честички. На тој начин можете мирно да уживате во врвната технологија.
2,0 BiTDI 132 kW (180 KS)
Најмоќниот мотор на Транспортер во понудата е со иновативна технологија. Кај BiTDI мотор два турбо полначи обезбедуваат голем степен на излезна моќност и чисто уживање во возење при вртежен момент од 400 Nm. Се поставува прашање, денес уште кој може да тврди дека товарното возило и спортското возење не одат заедно. Кај овој мотор на располагање ви стојат 6-степениот мануелен менувач и 7-степен автоматски DSG менувач. Дополнително кај овој мотор DSG по прв пат на располагање ви нуди со комбинација на погон 4MOTION.
2,0 TDI 103 kW (140KS)
Благодарејќи на моќноста дури од 103 kW (140KS) со овој мотор и долгото патување на автопат би претставувало вистинско ужување. И за овој мотор важи: заштита на животната средина и намалување на севкупните трошоци. Емисија на CO2 и потрошувачката на гориво значително се намалени во однос на постарите мотори. За овој мотор на располагање ни стои 6-степен менувач и иновативниот 7-степен менувач со дупла спојка (DSG).
2,0 TDI 75 kW (102 KS)
Уште поголема сила со иста работна зафатнина развива вториот од вкупно четирите TDI мотори. И овдека потрошувачката и емисијата на CO2 значајно се намалени во однос на претходните агрегати, а излезната моќност е истовремено значително зголемена. Преносот на сила кај овој мотор се извршува со помош на 5-степениот мануелен менувач.
2,0 TDI 62 kW (84 KS)
Најмалиот дизел агрегатот силата ја добива од работната зафатнина од два литра. Благодарејќи на TDI технологијата, овој мотор ослободува максималем вртежен момент од 220 Nm. Како и кај сите останати TDI мотори, емисија на CO2 и потрошувачката се оптимизирани во односот на моторите од претходните генерации – и тоа со значително зголемување на моќноста. Моторот е достапен со 5-степен мануален менувач.
2,0 Oto 85 kW (115 KS)
Четирицилиндарскиот бензински мотор во Транспортер дава 85 kW (115KS) и произведува максимален вртежен момент од 170 Nm. На располагање е со 5-степениот мануелен менувач и преставува алтернатива на дизел моторите.

