Новиот Transporter Фургон.
Успешен скоро 60 години.
Квалитетот и сестраноста на Транспортер фургон се потврдени. Неговата флексибилност скоро нема граници: двете меѓуоскини растојанија и трите висини на кров Ви нудат секаква можност. Зависно од конфигурацијата, фургонот располага со волумен на товарниот простор од 5,8 до 9,3 m3 и овозможува утовар од 0,8 до 1,4 t. Благодарение на скоро вертикалните бочни ѕидови просторот е скоро оптимално искористен, а утоварот и истоварот се значајно поедноставени поради многубројните варијанти на вратата со кои фургонот располага (задна летачка, задна дупла крилна и втора лизгачка врата). Варијабилна конфигурација и повеќе сигурност во товарниот простор овезбедуваат преградните ѕидови кои се на располагање во повеќе варијанти (полувисок или затворен, со и без прозор, со лизгачки прозор).
Иновација за поголема сигурност и економичност
Со оглед на големиот број на технички новитети, патниците и товарот во Транспортер-фургон се уште побезбедни. Новиот мотор гарантира ефикасна употреба на возилото:
• Новиот силен Common-Rail TDI мотор, кој ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 и ја зголемува економичноста.
• Иновативниот автоматски 7-степен DSG менувач кој е на располагање, како и можноста за избор на погон на сите четири тркала 4MOTION.
• Системот за подршка на возач обезбедува поголема сигурност и поголем комфорт во возењето: светлото за осветлување на кривина, Side Assist за безбедно променување на возната лента, Rear Assist за безбедно возење наназад со камера и поедноставно паркирање наназад, надзор на притисокот во гумите со приказ.
• Огромна разновидност на варијанти која уверливо ги задоволува различните потреби.
Неговите внатрешни вредности ја покажуваат неговата стварна величина.
Бројните варијанти кај Транспортерот со долго односно кратко меѓуоскино растојание, како и нискиот, средниот и високиот кров можат да се комбинираат со големиот избор на варијанти на врата. Таа обезбедува едноставно извршување на утовар и истовар за кратко време. Зависно од варијантите на возилото, со шест, осум или десет алки за врзување, се грижат товарот секогаш да е обезбеден. За поголема сигурност по желба на располагање е трета шина за врзување за бочните ѕидови и високиот преграден ѕид.
Варијантите на Транспортер фургон се разновидни како и Вашите барања: верзија со стандарден кров, односно нискиот кров во сериската опрема опремен е со задна врата на подигање, додека верзијата во висок кров опремен е со крилни врати. Крилната врата може да се отвори до 250o и достигнува товарен простор до 9,3 m3 во фургонот со долго меѓуоскино растојание и висок кров. На барање, достапна е и лизгачка врата која ви нуди дополнителна можност за утовар и истовар без проблем.

