Новиот Transporter Комбе.
Флексибилност, која нема конкуренција.
Кои се карактеристиките на комбето? Доволно место за седење и простор за товарење. Транспортерот комбе има повеќе од доволно и од едното и од другото. Меѓутоа тоа не е се: Транспортер комбе ве очекува со флексибилност, која нема конкуренција. Така на пример зависно од намерите, клупата за три места за седење може да се монтира во било кој ред – зависи од колкав број на работници треба да се пренесат. Со опционален модуларен систем, за промена на конфигурацијата на патничката кабина потребни се само неколку потези. Во транспортерот комбе можно е да се сместат до девет седишта. Кај моделот со долго меѓуосовинско растојание седиштата можат да се постават во многубројни варијанти – при тоа ова возило нуди дополнителен простор за багаж и сите останати предмети кои морате да ги понесете.
Иновација за уште поголема сигурност и економичност.
Врз основа на бројните технички новитети, патниците во Транспортерот се сега побезбедни. Новиот мотор гарантира ефикасна употреба на возилото.
• Новиот силен Common-Rail TDI мотор кој ја намалува потрошувачката на гориво и емисија на CO2, и ја зголемува економичноста.
• Иновативниот автоматски 7-степен DSG менувач, како и можноста за избор на погон на сите четири тркала 4MOTION.
• Системот за подршка на возач обезбедува поголема сигурност и поголем комфорт во возењето: светлото за осветлување на кривина, Side Assist за безбедно променување на возната лента, Rear Assist за безбедно возење наназад со камера и поедноставно паркирање наназад, надзор на притисокот во гумите со приказ.
• Огромна разновидност на варијанти која уверливо ги задоволува различните потреби.
Варијабилен концепт на вантрешбоста на Транспортерот Комбе
Транспортерот Комбе го дефинира поимот флексибилност на современ начин. Така на пример, клупата со три седишта со дополнителен модуларен систем за прицврстување на седиштата, зависно од потребите може да се монтира во секој ред - според тоа колку работници е потребно да се превезуваат. Преостанатиот простор може да се искористи без никаков проблем како простор за складирање. Дури и варијантата за кратко меѓуосовинско растојание нуди место за до 9 патници. И моделот со долго меѓуосовинско растојание нуди максимално девет места за седење, се разбира со повеќе простор за патниците, или по избор, со поголем волумен на товарниот простор.
Големата лизгачка врата во секоја ситуација овозможува удобен влез и излез. А за пријатна работна клима на патот во Транспортерот Комбе се грижи уред за греење и вентилација. Опциониот модуларен систем за прицврстување на седиштата за задната клупа овозможува оптимално преуредување на задниот дел на возилото за нова задача, со само неколку потези. Доколку би сакале сопствена климатизација, можна е нарачка на клима уред Climatic за возачката кабина или и за возачката кабина и за патничкиот простор.
Кај верзијата со долго меѓуосовинско растојание можете да се одлучите за еден, два или дури и три реда на седишта во патничкиот простор. Во првиот ред на седишта може да изберете клупа со две седишта со наслон за раце или клупа со две седишта плус преклопливо поединечно седиште и функција Easy-Entry за полесно влегување на патниците во задниот дел на возилото. Исто така на располагање Ви е и преклоплива клупа со три седишта.

