Новиот Transporter Камионет.
Една товарна површина, голем број на можности.
Транспортер камионет е прав работник, а притоа нуди и доволно комфорт за патниците. Тоа се однесува и на единечната и на дуплата кабина. Дуплата кабина нуди место за вкупно шест патници и сериски е опремена со четири врати, која на сите патници им овозможува лесен влез и излез од возилото. Кај Транспортерот зависно од варијантата на мегуоскиното растојание и кабина, на располагање ни стојат три различни типови на товарен сандак со алуминиумски страници.
Иновации за уште поголема сигурност и економичност
Врз основ на бројните технички новитети, патниците и товарот во Транспортерот камионет сега се уште побезбедни. Новиот мотор гарантира ефикасна употреба на возилото.
• Новиот силен Common-Rail TDI мотор, кој ја намалува потрошувачката на гориво и емисија на CO2 и ја зголемува економичноста.
• Системот за подршка на возачот обезбедува поголема сигурност и комфорт во возењето: светло за осветлување на кривина, надзор на притисокот во гумите со приказ.
• Исклучителен квалитет на производ, ниски трошоци при одржување и висока вредност на препродажба
Осмислено решение за професионалците во транспортот
Сигурносните затварачи се многу едноставни за употреба од три страни и Ви овозможуваат лесен пристап до површината за утовар. За обезбедување на товарот на подот се наоѓаат цврсти алки за врзување, кои можат да ја менуваат положбата за да бидат во висина на дното на товарниот сандак. За да осетливиот товар биде заштитен од нечистотија и од лошото време, кај вашите продавачи можете да се информирате за посебна церада.

