Совети за заштеда на горивото.
Шест совети за заштеда на горивото
Последните години цените на горивото во Европа пораснаа за околу 15 проценти. Со тоа за просечниот возач, кој годишно поминува 15.000 km, сметката за бензин пораснала за 150 Евра.
Следниве шест златни правила овозможуваат значајна заштеда на гориво:
- Моторот
запалете го откако сте го ставиле сигурносниот појас, сте ги наместиле
ретровизорите и вметнале омилениот диск. Немојте да го загревате
моторот.
- Наједноставен начин за заштеда на бензинот е брзо префрлање во наредниот степен на пренос. При брзина од 50 km/h моторот на возилото од средната класа во 2 степен на пренос троши двојно повеќе гориво отколку во 4 степен, а три пати повеќе отколку во 5 степен на пренос. Современите мотори можат да работат и при понизок број на вртежи (1500) во минута.
- Рамномерниот начин на возење во највисокиот можен степен на пренос значително ја намалува потрошувачката на гориво. Моќното забрзување и честото кочење ја зголемува потршувачката.
- Кровниот носач на багажот кој останува преку целата година на возилото може дури и при мал број на поминати километри годишно да ја зголеми потрошувачката. Носачите за велосипеди и кровните куфери за багаж ја зголемуваат потрошувачката за дури 40 %.
- Редовното одржување на возилото обезбедува ефикасно користење на горивото.
- Притисокот на пневматиците треба да биде еднаков. Премногу нискиот преитисок го зголемува отпорот при движење, а со тоа и потрошувачката на бензинот, и доведува до нерамномерно трошење на пневматиците.

