Увезени автомобили.
Сопственик сте на увезено возило (но не од овластената мрежа на Volkswagen партнерот) и сакате да го регистрирате во Македонија?
Доколку е потребно Вашето возило да се регистрира во Република Македонија потребна е потврда за Хомологација. Истата можете да ја добиете и кај импортерот Порше Македонија ДООЕЛ, бул. Босна и Херцеговина бб, Скопје. Доколку Вашиот автомобил го увезувате преку посредник, кој не е овластен партнер на Volkswagen, истиот ја зема потврдата од Порше Македонија и лично ја дава на сопственикот на Volkswagen автомобилот.За да ја осигурате Вашата гаранција и квалитетот на Вашиот автомобил, посетете го Volkswagen овластениот сервис. Ние нудиме квалитетни и транспарентни услуги за Вашиот Volkswagen автомобил

