Мени
Затвори мени

Најновото теренско возило на Volkswagen Комерцијални возила Пристигна новиот Amarok.

Новиот Amarok е достапен за продажба

Секоја цел е достижна.

Комплетно нов, Amarok го дефинира премиум сегментот на Volkswagen Комерцијални возила со својата модерна технологија и нов дизајн. Без разлика каде и кога се користи новиот Amarok: неговите многубројни модерни системи за помош на возачот нудат поголема поддршка од неговите претходници.

Amarok го нагласува својот врвен карактер со карактеристики како амбиентално осветлување и врвен звучен систем од Harman Kardon. Како Ваш придружник, блеска со подобрена способност на тешките терени и моќност која доаѓа од V6 моторот. За сите кои бараат робусно и доверливо комерцијално возило, тој нуди нови функции, како што е силата за влечење на приколки до 3,5 t. Нуди добро осмислени детали, поволни при секојдневна употреба. Новиот Amarok ги исполнува сите барања со голема леснотија.

Ова е Amarok. Новото теренско возило од Volkswagen Комерцијални возила.

Ова е дизајн

 

Новиот Amarok на Volkswagen Комерцијални возила, се претставува со моќни контури и целосно редизајниран изглед: малку поширокото меѓуоскино растојание обезбедува повисок агол на пристап за подобрена мобилност надвор од патот, а исто така има и помажествено акцентирање во ширина во споредба со претходниот модел. Модерни "IQ.Light" LED Matrix светла, опционални тркала до 21", комплетно нови пакети за стилизирање на надворешноста со ново дизајнирани стилски лајсни и прагови.

Зборувајќи за најважните моменти: на товарниот простор помеѓу лаковите на тркалата има доволно простор за вкрстено натоварување на евро-палетата, која може да се закачи со стабилни куки.

Друга нова карактеристика е статичкото оптоварување на покривот од 350 килограми: никогаш досега шатор не бил поставен на поубава површина.

Дизајнерски карактеристики на новиот Amarok:

  • Нова решетка
  • "IQ.Light" LED Matrix светла и LED задни светла
  • Тркала 16"/17"/18"/20"/ 21", гуми за сите терени до 18"
  • Задна врата со Amarok лого

Новиот Amarok: Разновидност

Светска премиера на новиот Amarok

Новиот Amarok

Новиот Amarok: дури и основната варијанта е теренец со докажан квалитет на Volkswagen Комерцијални возила. Опремен е со многу нови технологии и зголемен комфор при возење во споредба со претходниот модел. На пример, неговите воздушни перничиња и новите системи за помош нудат најсовремена удобност.

Избор на стандардна опрема: 

  • LED фарови
  • Задна камера
  • Инфозабавен дисплеј од 25,65 cm (10,1") со екран на допир + DAB
  • Електричен серво управувач
  • Програма за електронска стабилизација
  • Воздушно перниче за возач и совозач, странично и завесно воздушно перниче

Новиот Amarok Life

Новиот Amarok Life е сигурен придружник за секој кој ја цени удобноста без да се откаже од теренските способности.

Избор на стандардна опрема:

  • 17" алуминиумски тркала
  • Преден браник, ретровизори и рачки во боја на каросерија
  • LED светла за магла
  • Надворешни ретровизори, со греење
  • Мултифункционален волан обложен со кожа
  • Систем за помош при паркирање
  • Две куки за влечење, напред

Новиот Amarok Style

За некои тоа е кал, за Amarok Style тоа е како дел од стандардната опрема: без разлика дали елегантно поминувате низ урбаното опкружување или низ целата земја, Amarok Style секогаш изгледа неверојатно добро.

Избор на стандардна опрема: 

  • 18" алуминиумски тркала
  • Заден браник и праг со хромирани лајсни
  • Облога на товарниот простор
  • "IQ.Light" LED Matrix светла
  • Инфозабавен систем од 30,48 см (12") со екран на допир
  • Навлака на седиштето тип Velour
  • Нови системи за помош на возачот како што се ACC, Lane Assist и препознавање сообраќајни знаци

Ова е теренец

Што го прави новиот Amarok вистински чистокрвен теренец? Обезбедува најнова технологија и поголема удобност при возењето од неговиот претходник. Воздушните перничиња и системите за помош нудат плус во удобноста при возењето. Без разлика на варијантите на каросеријата, шасијата, моторот или менувачот: сè е дизајнирано со врвни карактеристики кои се докажани при теренско возење.

Новото чувство за надвор од патот:

Подолго меѓуоскино растојание

Новиот Amarok е долг 5.350 mm - 96 mm подолг од неговиот претходник. Меѓуоскиното растојание од 3.270 mm одговара на зголемување од 173 mm - тоа значи повеќе простор во кабината на патниците. Возилото има подобар агол за вртење и подобра способност на теренски патишта.

4х4 е тука и може трајно да остане

Новиот Amarok го има вистинскиот одговор за речиси секоја ситуација на возење. Има можност за исклучен или постојан погон на четири тркала. Три различни дизел мотори со четири до шест цилиндри и зафатнина од 2,0 до 3,0 литри обезбедуваат правилен развој на моќноста.

Повеќе режими на возење, поголема удобност при возењето

Однапред конфигурираните режими на возење се нови и разновидни: тие ги поддржуваат возачите во посебни ситуации надвор од патот во неколку фази. Повеќе од 30 опционални системи за помош, од кои повеќе од 20 се целосно нови на Amarok, обезбедуваат зголемен комфор при возењето.

Длабочина на возење во вода: 800 mm

Неверојатни 300 mm повеќе од претходниот модел: Благодарение на длабочината на движење од 800 mm, љубителите на теренот сега можат уште подобро да се нурнат во светот на способностите за теренски патишта.

Новиот Amarok

Господарот на разновидноста: новиот Amarok

Сигурност и разновидност за речиси секој бизнис? Тоа го има новиот Amarok во своите гени. Тоа сака да го покаже: логото на "АМАРОК" е испишано низ речиси целата ширина на возилото. Со мноштвото нови функции, обезбедува уште поголема оперативна подготвеност за поинтензивна употреба. Ова го прави сестрано и сигурно комерцијално возило.

  • Товарен простор со LED осветлување, алки за врзување, приклучок од 12 волти, систем со електричен капак на товарниот простор 
  • Кука за приколка од 3,5 тони сега е сериски достапна за сите верзии со автоматски менувачи
  • Доволен простор на товарниот простор помеѓу лаковите на тркалата за европалетата да се смести попречно, истата може да се врзе со стабилни куки

Внатрешен дизајн и комфор

Робустен и сигурен однадвор, функционален и висококвалитетен однатре: новиот Amarok импресионира со софистицираната удобност, видливиот врвен карактер и интелигентните системи за помош.

  • Дигитален кокпит со дигитална инструмент табла од 20,32 см (8"), опционален екран 30,48 см (12")
  • Елегантен изглед на инструмент таблата обложена со кожа 
  • Простор за 3 возрасни лица во двојната кабина
  • Амбиентално осветлување
  • Електричен серво управувач
  • Keyless систем 
  • Стандарден мултифункционален волан
  • Електронска сопирачка за паркирање
  • Камера со поглед наназад 
  • Стандардно воздушно перниче, воздушно перниче за колена, централно воздушно перниче

Премиум опрема

Премиумот е начин на живот. Со новиот Amarok, тоа е основната карактеристика: благодарение на премиум опремата, можете да уживате во првокласна удобност во комбинација со интелигентна инфозабава и најновите системи за помош на возачот.

  • Амбиентално осветлување
  • Кожни седишта
  • Премиум звучен систем Harman Kardon
  • Електрично прилагодливо возачко седиште во 10 насоки
  • Контролната табла и панелите на вратите се обложени со кожа 
  • Интелигентен асистент за брзина (Intelligent Speed Assist) во врска со адаптивен темпомат ACC и препознавање сообраќајни знаци
  • Систем за помош при паркирање
  • 10-брзински автоматски менувач shift by wire

Системи за помош и мобилни онлајн услуги

Новиот Amarok доаѓа со повеќе од 30 системи за помош, од кои над 20 се целосно нови на Amarok. Достапни се и мобилни онлајн услуги кои го олеснуваат секојдневниот живот на многу начини. На пример, онлајн гласовна контрола во пакетот "WE Connect Basic". Пакетот "VW Connect Navigation" ви дава дополнителни мобилни онлајн услуги - вклучувајќи мапи за навигација што може да се ажурираат онлајн, ажурирани информации за сообраќајот за Европа и пристап до одредени точки на интерес.

Примери на системи за помош:

  • Интелигентен ограничувач на брзината
  • Систем за промена на лента "Side Assist"
  • Препознавање сообраќајни знаци
  • Систем за одржување на сообраќајна лента
  • Автоматски систем за сопирање по судир
  • Динамичка контрола на опсегот на фаровите
  • Систем за повик во случај на незгода, eCall
  • Камера за преглед на областа Area View
Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team