СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ.

Новиот Amarok е веќе сериски опремен со иновативни системи за помош. Меѓу нив и системот за помош при поаѓање и возење по нагорнини, ParkPilot или уредот за регулирање на брзината.

КОНТРОЛНА ТАБЛА СО ДЕКОРАТИВНА ЛАЈСНА.

На сите линии на опрема заедничка им е ново изработената контролна табла со декоративна лајсна и практичната преграда во DIN-A4 формат. Понатаму, опционално достапен е и повеќефункциски кожен управувач со прекинувачи.

МОДЕРЕН INFOTAINMENT.

Во Amarok можете да изберете меѓу новите радио уреди "Composition Audio" и "Composition Media" како и радио-навигацискиот систем "Discover Media". 

АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ СО 8 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС СО ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА 4MOTION.

Единствената комбинација од комфорен автоматски менувач со 8 степени на пренос и постојан погон на сите тркала 4MOTION ја нуди само новиот Amarok. Првиот степен е за возење на отворен терен, осмиот степен е оптимиран за возења коишто штедат гориво во област на мал број на вртежи.

Close