20-ИНЧНИ ФЕЛНИ ОД ЛЕСЕН МЕТАЛ.

Сè е до големината: со новите 20-инчни фелни од лесен метал "Talca", мажествениот настап на Amarok Aventura е загарантиран. Но, исто така може да заблеска и со фелните од 17", 18" и 19".

 

СПОРТСКА ШИПКА.

Спортската шипка е лакирана во боја на возилото и ја истакнува динамичната елеганција на новиот премиум модел Amarok Aventura, на тој начин што поставува спортски акценти

 

BI-КСЕНОНСКИ ФАРОВИ.

Новите Bi-ксенонски фарови не само што изгледаат импресивно, туку и во посебните модели Aventura и Highline, како дел од сериската опрема, гарантираат јасна видливост при лоши временски услови. LED светлото за дневно возење е веќе интегрирано.

 

ПРЕДЕН ДИЗАЈН.

Присуство, коешто долго ќе остане во паметење: маркантното "лице" на новиот Amarok убедува со својата целосна линија. Кај посебниот модел Aventura, предниот дел дополнително се истакнува преку сјајните двојно хромирани лајсни.

Close