100% Пикап.100% Премиум.
Бескомпромисен на отворен терен. Темпераментен на асфалтот. Amarok го обединува сето она што го очекувате од еден ексклузивен Allrounder од Премиум класата: мажествен дизајн, робустна конструкција и огромна моќност.
Направете самите слика од Amarok
Варијанти на опрема
Моќен речиси како никој друг. Со највисокиот вртежен момент во својата класа.
Од понеделник до петок, низ шумски и рамни патишта. За викенд на планина и во Offroad парк. Сеедно каде Ве водат работните планови или плановите за слободното време - со моторот на Вашиот Amarok на сите патеки ќе возите со исклучителна ефикасност. Така, секое возење ќе се претвори во уживање:
- Турбо дизел 6-цилиндричен мотор со јачина од 190 kW/258 КС
- 3,0 l простор на мотор
- Вртежен момент до 580 Nm
- Краткотрајна моќност до 22 kW/30 КС благодарение на Overboost функцијата
- Автоматски менувач со 8 степени
- BlueMotion технологија
- Уред за регулирање на брзината
Дознајте повеќе
Чист израз на моќност
Amarok има правилно држење, исто како и Вие:Тој има јасни ставови - исто така и кај дизајнот. Неговата спортско-впечатлива предница со двојни хромирани лајсни, Bi-ксенонските фарови вклучувајќи LED-светло за дневно возење како и мажествената, динамична изведба на линиите ги поставуваат најсилните акценти во неговата класа.
Цврста облога. Комфорно јадро.
Дури и ако теренот станува непријатен: Amarok возвраќа со особено високо ниво на комфор. Неговата јасно подредена инструментна табла, многубројните прегради, најголемата слобода во просторот за нозе кај неговата класа и предните седишта ergoComfort што се поместуваат нудат удобност при Вашите Offroad авантури.
На сите канали во најновата верзија
Вашите работни денови се долги, а Вашите тури на отворен терен уште подолги? Во Amarok сепак ќе дознаете за сè што се случува дома и во светот: благодарение на модерните системи за радио и навигација како и мобилните онлајн услуги "Car-Net".
Натоварете. Вдишете.
Може да се види сив VW Amarok одгоре. Еден човек тукушто товара дрво на површината за товарање. Гломазниот материјал Amarok го превезува сосема безгрижно. Бидејќи тој има повеќе место помеѓу куќиштата на тркалата од било кој друг пикап. Благодарение на ширината за товарање, тука може да се сместат дури и еуро-палети. Притоа, високиот заден ѕид и малата висина на рабовите за товарање ќе овозможат едноставно товарање.
- Ширина за товарање од 1222 mm
- Кутија за товар со големина од 2,52 m²
- Заден ѕид со висина од 508 mm
- Мала висина на рабовите за товарање од 780 mm
Совршено подготвен речиси за сè
За работните налози да се одвиваат совршено, потребна Ви е вистинската опрема. Кон тоа припаѓа и возило коешто оптимално ќе се усогласи кон Вашите барања. На тој начин можат да се реализираат решенија за возило по Ваша мерка: од возило со ладилник до болничко возило па сè до возила без бариери за луѓе со попреченост. Со нашите возила е можно речиси сè.
Дознајте Повеќе
Осмислен до секој детаљ
Бескомпромисен на отворен терен. Темпераментен на асфалтот. Amarok го обединува сето она што го очекувате од еден ексклузивен Allrounder од Премиум класата: мажествен дизајн, робусна конструкција како и огромна моќност. Неговиот моќен 6-цилиндричен турбо дизел мотор со простор на мотор од 3,0 l достигнува во највисокото ниво на моќност до 190 kW/258 КС и вртежен момент од 580 Nm.
Сите карактеристики
Задоволство при возењето
Задоволство при возењето
Сеедно дали е асфалт, почва или ситни камења. Во Amarok ќе искусите ексклузивен комфор при возењето на високо ниво при речиси секаков терен.
Екстериер
Екстериер
Маркантните детали како и острата и мажествена изведба на линиите поставуваат јасен впечаток.
Функција
Функција
Благодарение на иновативниот Infotainment и дополните опции како што е опционално достапниот повеќефункциски волан со прекинувачи имате сè совршено на дофат.
Системи за помош
Системи за помош
Со сериската сопирачка за повеќекратен судир и многубројните модерни систем за помош ќе возите секогаш безбедно до целта.
Извонредни перформанси
Ниту едно теренско возило не толку бескомпромисно на отворениот терен, ниту едно теренско возило не е толку темпераментно на асфалтот:Веќе седми пат по ред Amarok е прогласен од читателите на »OFFROAD« за "теренско возило на годината" и повторно ја остави конкуренцијата во оваа категорија далеку зад себе.
Извор:»OFFROAD«, издание 09/2019