За авантура со Премиум квалитет
Премиум моделот Amarok Aventura поставува акценти - како при Вашата следна авантура, така и во поглед на дизајнот: врвните перформанси како што се спортска шипка1, цевки на прагот од нерѓосувачки челик со вклучени LED-светла за влегување, како и затемнети задни светла и 20-инчни тркала од лесен метал Ви гарантираат навистина посебен изглед.
Направете самите слика од Amarok Aventura
Ти буди интерес уште на прв поглед.
Aventura значи авантура. А очекуваното будење интерес кај Amarok Aventura започнува уште на прв поглед. Благодарение на спортската шипка во боја на возилото со амблем "Aventura", хромираниот заден браник со интегриран праг за влегување, заштитната решетка на ладилникот со двојна хромирана лајсна, како и многуте други детали за дизајнот, ја прават секоја Ваша авантура уште поексклузивна.
Чист комфор – влезете и пробајте го
Во Amarok со задоволство ќе останете да седите уште малку подолго. Било да е тоа за да уживате во погледот. Било да е тоа за да се израдувате уште некој момент на вистинскиот премиум квалитет. Седиштата се исклучително комфорни и позицијата на ergoComfort седиштата на возачот и совозачот може точно до милиметар да се приспособи кон Вашиот индивидуален профил на седење.
Секој момент е вистински „Ahhhventura“ момент
Ахххх. Бидејќи моторот со јачина од 190 kW/258 КС дури на отворениот терен полн со предизвици ја истакнува својата целосна моќност. Бидејќи и турите со приколка конечно можат да бидат забавни. Или, бидејќи повеќефункцискиот кожен управувач го чувствувате толку добро. Amarok "Aventura" има подготвено цела низа од овие мали моменти на изненадувања за Вас.
Совршено подготвени речиси за сè
За работните налози да се одвиваат совршено, потребна Ви е вистинската опрема. Кон тоа припаѓа и возило коешто оптимално ќе се усогласи кон Вашите барања. На тој начин, можат да се реализираат решенија за возило по Ваша мерка: од возило со ладилник до болничко возило па сè до возила без бариери за лица со попреченост. Со нашите возила е можно речиси сè.