За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Amarok Canyon

 

Внимание: див!

Amarok Canyon е онолку див и моќен како што изгледа - а со тоа и совршено опремен за речиси секоја авантура. Тој го комбинира V6-TDI моторот со јачина од 150 kW/204 КС со перманентен погон на сите тркала 4MOTION и вклучен Offroad-ABS. Подготвен за дивината.

Направете си самите слика од Amarok Canyon

Автентичен Offroad изглед

Возбудливо различен. Во автентичен Offroad изглед.

По желба, Amarok Canyon може да делува особено авантуристички со неговата мат-црна шипка за сијалички со четири фарови за долго светло и во ексклузивен лак во металик Honey портокалова боја. Но, исто така и сериската опрема прави срцата на индивидуалистите да чукаат уште посилно: спортската шипка како и цевките на праговите, рачките од вратите и B-столбовите во мат-црна боја, проширувањето на оската на тркалото во боја на возилото и фаровите за магла со хромирана рамка му даваат на Amarok Canyon автентичен Offroad изглед.

Дополнителни опции во внатрешниот простор

Непоколебливо комфорен. Со многубројни дополнителни опции.

Amarok Canyon има подготвено многубројни изненадувања за Вас. Отсега можете да сметате на нив: никогаш нема да посакате да излезете од него. Внатрешноста се одликува со многу простор, високо ниво на комфор, многубројни дополнителни опции и осмислени детали. Тој, меѓу другото, остава впечаток и со ексклузивните навлаки од ткаенини во Titan црна или кафена боја со црни странични перничиња и портокалови шевови, сигурносни појаси со контури во портокалова боја и педали од нерѓосувачки челик. Повеќефункцискиот кожен управувач со шевови исто така во портокалова боја, повеќефункцискиот индикатор "Premium" со 3-Д дисплеј во боја и анимирано водење низ менијата и системот за навигација "Discover Media" убедуваат преку едноставноста за ракување прилагодена кон корисниците. Никогаш досега не сте тргнале толку удобно во нова авантура.

Турбо дизел мотор со 6 цилиндри

Моќно впечатлив. Со 6 цилиндри.

Турбо дизел моторот со 6 цилиндри со јачина од 150 kW и автоматскиот менувач со 8 степени, во комбинација со погонот на сите тркала 4MOTION Ве носи речиси насекаде. Сеедно што имате со Вас. Првиот степен на автоматскиот менувач е посебно оптимиран за поаѓање со приколка. Осмиот степен ја намалува потрошувачката на гориво преку возење со мал број на вртежи на долги патеки. Исто така кон штедењето гориво: Amarok Canyon е сериски опремен со BlueMotion технологија за штедење гориво и намалена емисија при вклучен Start-Stopp систем.

Индивидуални додатоци

Совршено подготвени речиси за сè

За работните налози да се одвиваат совршено, потребна Ви е вистинската опрема. Кон тоа припаѓа и возило коешто оптимално ќе се усогласи кон Вашите барања. На тој начин можат да се реализираат решенија за возило по Ваша мерка: од возило со ладилник до болничко возило па сè до возила без бариери за лица со попреченост. Со нашите возила е можно речиси сè.

Дознајте повеќе

Информативен материјал за Amarok Canyon

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team