На непроодни терени се бара голема концентрација - како и двете раце на воланот. За сепак да можете да се префрлите кон радиостаницата, да внесете цел во системот за навигација или да прифатите повици, во Amarok Ви е достапно и модерно говорно управување.
Ракувајте со телефонските, навигациските и аудио функциите без да мора да ги тргнете рацете од воланот. Освен тоа, со говорни наредби може да ги повикате речиси сите менија и прикази на дисплејот на радиосистемот или системот за навигација.
Овозможува, возачот да биде полесно разбран и од патниците на задните седишта. Говорните сигнали се регистрираат и засилуваат преку микрофонот за говор со слободни раце и се пренесуваат преку задните звучници.
1 Електронското засилување на говорот е интегрален составен дел на радиосистемот "Composition Media" и на системот за навигација "Discover Media"