Дали сте на задача на тесни серпентини, нерамни писти и при секакви временски услови?Со капак од робустен материјал или тврд покрив, Вашиот товар е заштитен и не може да испадне за време на возењето. Можете да видите веднаш која варијанта најмногу одговара на Вашите барања и потреби.
По желба достапната варијанта на тврд покрив лакирана во боја на возилото нуди задна врата со вклучено централно заклучување со голема стаклена површина и пружини на гас. Заден лизгачки прозорец, како и странични лизгачки прозорци коишто можат да се заклучат однатре, овозможуваат да продира доволно дневна светлина и свеж воздух во просторот за товарање. Благодарение на пакетот за непропустливост, товарот што го превезувате е најдобро заштитен од прав и дожд.
Оваа варијанта дополнително нуди и пакет за непропустливост кај задната врата, којашто е опремена и со амортизери за задниот ѕид. На тој начин се олеснува товарањето и растоварањето.
По желба достапниот сребрен капак за багажниот простор што се заклучува го штити товарот за транспортирање од влага, прав и љубопитни погледи.
Преку додатоците за Volkswagen достапни се и други капаци за просторот за товарање, како на пр. церада за покривање отпорна на кинење или системи на намотлив капак.