Особено во задачите поврзани со земјоделство и шумарство Вие сте на пат при секакви временски услови. Сеедно дали сонцето со 30 степени ја пече каросеријата или се смрзнувате во длабока зима. Тоа значи да се биде силен - и да се имаат вистинските системи за климатизација и греење во возилото. Тие одржуваат пријатна температура во кабината на возачот на Вашиот Amarok при секакви временски услови.
Овој систем нуди регулирање на климата во 2 зони за возачот и совозачот како и рачна функција за внатрешна циркулација на воздухот .Зависно од сончевото зрачење и надворешната температура, клима-уредот доведува повеќе или помалку ладен воздух. Облогата на филтерот за алергени ги задржува и најситните честички како материи кои предизвикуваат алергии.
Полуавтоматскиот клима-уред располага со сензор во внатрешниот простор и постојано ја одржува внатрешната температура во возилото на саканиот степен на топлина.
По желба достапното дополнително загревање со вода овозможува претходно загревање на моторот и истовремено се грижи за тоа внатрешниот простор побрзо да се загрее односно истиот претходно да се загрее. Контролната единица е интегрирана во кровната конзола. Секако, дополнителното греење со вода може сосема едноставно да се вклучува и исклучува со помош на далечинскиот управувач.