Ја постигнавте Вашата цел. А во комфорниот внатрешен простор на Amarok можете едноставно да останете да седите. Бидејќи тој не го нуди само најголемиот слободен простор за нозете во неговата класа. Позицијата за седење е повисока отколку во SUV - а притоа исто така и поудобна. Освен тоа, предните седишта ergoComfort можат точно до милиметар да се приспособат на Вашите потреби само со притискање на копче. Повеќе нема да сакате да излезете од него.
Возачот и совозачот во Amarok Aventura седат на седишта ergoComfort. Двете кожни седишта имаат покрај електрично и рачно поставување во 12 позиции и се одликуваат со AGR жигот за квалитет поради исклучителната ергономија.