Погон на сите тркала 4MOTION

Бројот четири победува

Дури и при екстремни услови, Amarok го прави Вашето возење да биде вистинско доживување. Благодарение на совршената усогласеност на подвозјето и погонот - комбинирани со докажаниот погон на сите тркала 4MOTION.

Перманентен погон на сите тркала 4MOTION

Овој 4x4 погон со самоблокирачки торсен средишен диференцијал е посебна карактеристика кај пикап сегментот.Тој нуди урамнотежена основна распределба 40:60 за сите Onroad и Offroad задачи.1 Исто така и во патниот сообраќај тој целосно ги истакнува своите силни страни, на тој начин што значително ја зголемува тракцијата во свиоци.

Погон на сите тркала 4MOTION што дополнително се вклучува

Разделниот погон овозможува електрично дополнително вклучување и исклучување на предните тркала за време на возењето. При остри нагорнини или подолги патеки од чакал може дополнително да се постави и редукција на степен. Погонот на сите тркала 4MOTION што дополнително се вклучува е комбиниран со рачен менувач со 6 степени и е достапен за мотор со јачина од 150 kW/204 КС.

Механичка блокада на диференцијалот

Таа е дополнително достапна кон сериската електронска блокада на диференцијалот и овозможува оптимална тракција на песокливи и лизгави подлоги. По активирањето, двете задни тркала се ставаат во погон со иста јачина и ист број на вртежи.

1 Во зависност од подлогата, распределбата е варијабилна.

Затвори
Мени
Затвори мени
Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team