Извозените километри, надворешната температура, просечната потрошувачка и сите информации кои Ви се потребни за на пат: нашите повеќефункциски индикатори ќе ги постават сите на едно место. Прегледно и директно во видното поле на возачот.
Благодарение на 3-D дисплејот во боја со висока резолуција на повеќефункцискиот индикатор "Premium" ги имате сите важни информации пред Вас и можете особено едноставно да ги повикувате преку анимираното водење низ менијата.
Со повеќефункцискиот индикатор "Plus" секогаш сте во чекор со најновите случувања. Бидејќи тој Ви ги покажува актуелните информации како што се преостанатата километража, надворешната температура и просечната потрошувачка.