Amarok е во секое време подготвен за големи задачи. Бидејќи ниту еден друг пикап не нуди толку простор помеѓу куќиштата за тркалата. Тој овозможува дури и попречно товарање на еуро-палети. А и неговата површина за товарање е прилагодена за сите предизвици - за да можете брзо да го извршите товарањето.
Токму 1222 mm изнесува површината за товарање на Amarok помеѓу куќиштата на тркалата. Тоа е единствено во оваа класа на возила и го овозможува попречното товарање на еуро-палети. По потреба, капакот за товарање што може да се оптовари со до 200 kg, може да се користи и како продолжеток на просторот за товарање. Притоа, кутијата за товар при наполнетост во висина на рабовите нуди простор за 1,28 m³ кабаста стока на површина од 2,52 m².
Обложување на просторот за товарање
Специјалното обложување отпорно на УВ-зраци од антрацит нуди високо ниво на заштита
од механички и хемиски траги на употреба.
Благодарение на опционалното осветлување на површината за товарање, коешто целосно ја осветлува површината за товарање, можете без проблеми да го товарате Вашето возило дури и во темнина.Притоа, во него е интегрирано третото стоп-светло.
Кутијата за товар е опремена со четири робустни окца за прицврстување. Две од нив се наоѓаат пред куќиштата на тркалата, останатите две зад куќиштата на тркалата.
На внатрешната страна од левиот ѕид на возилото се наоѓа 12-волтен приклучок за напојување.