Благодарение на фаровите за магла со интегрирано светло за свртување и паметни системи за светла, ќе имате прегледност на патот. Дури и кога рано наутро возите по шумски патеки при зазорувањето или кога навечер се враќате дома од Вашите деловни состаноци.
По желба достапните фарови за магла со интегрирано светло за свртување и при лоши временски услови се грижат за оптимална видливост. При вртење, конкретниот фар од внатрешната страна на кривината го осветлува работ на патот.
При дожд се активираат бришачите, а интервалот на бришење се приспособува на количината на дождот. Притоа, внатрешниот ретровизор, при премногу светли фарови од сообраќајот од спротивната страна, автоматски се затемнува. Исто така во пакетот: автоматско исклучување на светлото за возење при поставено затемнување, "Coming home" и "Leaving home" функција.