Amarok не е само ексклузивен пикап. Тој има став. Премиум моделот се истакнува со изострените рабови, хромираните цевки на праговите и LED осветлувањето при влегување. Исто така и Amarok Highline и Amarok Comfortline имаат помажествен настап - благодарение на сјајните детали.
Маркантната стилска шипка од двојна хромирана цевка од нерѓосувачки челик, осветлувањето на површината за товарање интегрирано во третото стоп-светло и двата рамни прага од алуминиум му даваат дополнителна вредност на Amarok.
Соодветствува на стилскиот хромиран пакет I, но нуди и две елегантни цевки на праговите од нерѓосувачки челик со сјаен хромиран изглед, по желба со LED-осветлување.
Пакетот опфаќа хромирана стилска шипка "Plus" со цевки сè до задната врата, интегрирано осветлување на површината за товарање како и две елегантни цевки на праговите од нерѓосувачки челик со сјаен хромиран изглед, по желба со LED-осветлување.
Овој опционален пакет го прави Amarok за уште една нијанса помажествен. Челичната стајлинг шипка2 има дијаметар на цевка од 76 mm и е со црн прашкаст слој. Црните цевки на праговите, по желба со LED-осветлување, со нагазна површина која не се лизга и осветлување на површината за товарање интегрирано во третото стоп-светло го заокружуваат впечатливиот изглед.
Пакетот е доследен на црната боја.Тој ја опфаќа стајлинг шипката "Plus", B-столбот, рачките од вратите, задниот браник, куќиштата на надворешните ретровизори, лежиштата на фаровите за магла, скалилото, 20-инчните тркала од лесен метал "Talca" и внатрешниот дел од покривот во внатрешноста.
Пакетот е доследен на црната боја.Тој ја опфаќа стајлинг шипката "Plus", B-столбот, рачките од вратите, задниот браник, куќиштата на надворешните ретровизори, лежиштата на фаровите за магла, скалилото, 20-инчните тркала од лесен метал "Talca" и внатрешниот дел од покривот во внатрешноста.
Само заедно со стилскиот пакет "Black Style Highline" и "Black Style Aventura", за инструментната табла се достапни сјајно црни декоративни облоги. Порабувањата на отворите за воздух добиваат дополнително свиленкасто-матиран хромиран изглед.
Делумно хромираниот браник од челик му дава на Amarok уште поблагороден изглед. Интегрираното скалило може многу да се оптоварува. Тоа го олеснува товарањето и растоварањето на површината за товарање.
1 Може да доведе до продолжено време на испорака.
2 Пакетот е достапен по желба и без Styling шипка