КЛИМА-УРЕД

По желба за Вашето Caddy фургон е достапен полуавтоматски клима-уред, Тој може да се регулира на нивоа и секогаш се грижи за пријатна температура во внатрешниот простор.

Посебна опрема по дополнителна цена.

КЛИМА-УРЕД "CLIMATRONIC"

Опционалниот клима-уред "Climatronic" електронски ја регулира температурата со помош на сензор во внатрешниот простор и притоа постојано ја изедначува актуелната температура со потребната вредност. Благодарение на регулирањето на температурата во 2 зони, топлината за возачот и совозачот може одделно да се постави до степен. Истовремено, еден сензор за воздух го набљудува квалитетот на надворешниот воздух и по потреба автоматски го активира режимот на затворена циркулација на воздухот.

 

Посебна опрема по дополнителна цена.

ГРЕЕЊЕ НА ПРЕДНИ СТАКЛА

Електричните грејни жици интегрирани во ветробранското стакло при ладно и влажно време се грижат за добра видливост нанапред. Опционалното загревање на предното стакло е достапно само заедно со пакетот Светло & Видливост.

ГРЕЕЊЕ НА СЕДИШТА

Опционалното греење на седишта е вградено во површините за седење и наслонување на предните седишта и може да се постави одделно за седиштето на возачот и на совозачот. Откако ќе се активира палењето, можете да изберете меѓу трите нивоа на греење.

Close