ЗАТВОРЕНА РАЗДЕЛНА ПРЕГРАДА

Преградата во висина на таванот целосно го ограничува делот на возачот од просторот за товарање и на тој начин се грижи за голема пасивна заштита. Таа е фиксно прицврстена со каросеријата на возилото и го исполнува стандардот DIN 75410-3 "Обезбедување на товар во мали транспортери".

РАЗДЕЛНА ПРЕГРАДА СО ПРОЗОРИ

За Caddy фургон по желба е достапна разделна преграда со прозор. Во висина на таванот како и затворената преграда, истата дополнително располага со два големи прозори од сигурносно стакло. На тој, начин, секогаш ќе имате поглед во товарот.

ДЕЛУМНА И МОБИЛНА РАЗДЕЛНА ПРЕГРАДА

Со опционалната делумна и мобилна разделна преграда го зголемувате волуменот на просторот за товарање со само неколку потези на раката за 0,5 m 3. За таа цел, целосно склопете го седиштето на совозачот во просторот за нозе и вратата што е интегрирана во разделната преграда отворете ја за 90°. На тој начин настанува хоризонтална должина на просторот за товарање за габаритни предмети од 2.600 mm кај Caddy фургон и 3.070 mm кај Caddy Maxi фургон. Закачената разделна преграда за средишната конзола му нуди на возачот оптимална заштита.

ГУМЕНА ПОДНА ПРОСТИРКА

За просторот за товарање на Caddy опционално може да се нарача и гумена подна простирка. Заштитниот слој од пластика што може да се мие е прецизно прилагоден на контурите на подот. Освен тоа, гумениот материјал покажува добро изолирачко и звучно-изолациско дејство.

УНИВЕРЗАЛЕН ПОД

Универзалниот под е идеална подготовка за дополнително монтирање на системите за шкафови од различни производители предвидени за таа намена. Специјалните процепи во подната простирка овозможуваат во секое време флексибилно монтирање и демонтирање на системите за шкафови без лепење или дупчење.

ОКЦА ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ

Просторот за товарање сериски располага со шест окца за прицврстување што можат да се склопат и коишто се цврсто навртени во подот на возилото. Caddy Maxi фургон има дури осум окца за прицврстување. На тој начин, можете безбедно и правилно со помош на затегнувачките ленти коишто се отпорни на кинење, да фиксирате алат и материјал.

Close