ПОВЕЌЕФУНКЦИСКИ КОЖЕН УПРАВУВАЧ

Опционалниот повеќефункциски кожен управувач лежи особено добро во рацете и убедува со својата едноставност за ракување. Преку копчињата можете да ги управувате на пр. системот за радио или навигација, Вашиот мобилен телефон или уредот за регулирање на брзината.

 

Посебна опрема по дополнителна цена.

ПОВЕЌЕФУНКЦИСКИ ИНДИКАТОР

Повеќефункцискиот индикатор ги прикажува актуелните информации, меѓу другото и времето на часовникот, преостанатата километража, надворешната температура, просечната потрошувачка и препораката за степен за ефикасен начин на возење.

 

Посебна опрема по дополнителна цена.

ПОВЕЌЕФУНКЦИСКИ ИНДИКАТОР "PLUS"

По желба достапен е и повеќефункцискиот индикатор "Plus". Покрај функциите на повеќефункцискиот индикатор, заедно со нив може да се регулира и опционалното дополнително загревање на вода и да се постави опционалниот пакет Светло & Видливост. Освен тоа, тој во комбинација со системот за навигација нуди и едноставна навигација со стрелки.

 

 * Посебна опрема по дополнителна цена.

Close